Ве запознавме со Натали Башоска во постот во кој известивме за изложбата на нејзини фотографии што се одржа на почетокот на јуни во Охрид. А на 21-ви Јуни ќе се претстави со истата изложба, Compressed Diversity, во Скопје во Децата од нашата улица.

Но, нејзиниот поход за креативно освојување на охридскиот регион не заврши тука. Со задоволство ви претставуваме уште едно, ново дело на Натали, овој пат видео. Материјалот е снимен во крајбрежното Пештани и прикажува еден ден во живописното село виден низ објективот на оваа талентирана студентка.

Уживајте!