Тимот на DigitalRev отпатувал длабоко во дивината на Хонг Конг во експедиција чијашто цел била да ги документира видовите фотографи-ентузијасти коишто можат да се сретнат во урбаната џунгла. Врз основа на долготрајно набљудување на фотографите во нивното природно живеалиште и внимателна анализа на нивното однесување, експертите на DigitalRev идентификувале девет вида аматерски фотографи. Фасцинантните резултати од ова истражување ги презентирале во докуменарен филм во траење од пет и пол минути.

Во која категорија спаѓате вие? The Instagramanus? Gear Whore-us? Или Foodie-Grammus? Дознајте од документарецот на DigitalRev.