Снежниот пејсаж во кој уживавме (некој помалку, некој повеќе) изминатите неколку дена нè поттикна да креираме галерија од зимски портрети за да ве инспирираме да излезете и да ги „замрзнете“ лицата на вашите пријатели во прекрасни фотографии. Со цел да ви ја олесниме работата составивме куса листа на совети и трикови. Облечете ја комплетната зимска „униформа“, „вооружете се“ со креативност и спротивставете му се на студот со добри фотографии!
 

Облека и реквизити

Се препорачува моделите да носат облека во светли и енергични бои. Капите и шаловите се задолжителни за добар зимски портрет.

Winter girl by Denis Petrov on 500px.com

 

Црвен нос

Бидејќи вашиот модел ќе биде изложен на ниски температури, нормално е да има зацрвенети образи што е добро, но и црвен нос што, пак, е пожелно да се одбегне (со помош на малку шминка или, пак, загревање).
 

Компензација на експозиција

Доколку фотографирате модел на снег и сакате да ја доловите белината на снегот, зголемете ја експозицијата за 0.5 или 1 стоп. На тој начин ќе одбегнете фотографија со снег во сива боја.
 

Ракавици

Бидејќи наизменичното навлекување и вадење на ракавиците е здодевна и фрустрирачка активност, користете ракавици без прсти. Можеби овој вид ракавици не се по ваш вкус, а прашање е и дали се модерни, но ќе ви заштедат време и ќе ја намалат можноста да пропуштите добар момент.

Tell me about Fairy Tale by Sophie Narses on 500px.com

 

Резервна батерија

Батериите побрзо се трошат кога температурите се ниски. Понесете со вас резервна батерија и добро заштитете ја од студот.
 

Крпичка за леќата

Во зима објективот често се замаглува или се наводенува, па секогаш носете специјална крпичка за бришење на објективот.
 

Сува опрема

Набавете покривки за опремата. Има различни модели по различна цена, но наш совет е да инвестирате во поквалитетни кои, иако поскапи, ќе чинат помалку од поправање на вашиот апарат или објектив.

Доколку ја изложите опремата на снег, кога ќе дојдете дома завиткајте ја во крпа и оставете ја завиткана неколку саати за да се впие водата од стопениот снег. Ако апаратот или објективот го бришете со крпа (наместо да го оставите завиткан), се зголемува можноста водата да навлезе во електрониката.
 

Александар Буневски

Instagram | Tumblr

45
 

Марија Феникс

Facebook

FNX_5102
 

Весна Пукич

Instagram

1
 

Ерина Богоева

Facebook | Instagram

dsc_8591
 

Јане Наумоски

Facebook | Instagram

idule
 

Snow by Valentino Grassi on 500px.com

 

Just a little Blizzard by John Wilhelm is a photoholic on 500px.com

 

Русская душа by Дмитрий Рогожкин on 500px.com

 

winter day by Elena Shumilova on 500px.com

 

JimaGination Photography by JimaGination Photography on 500px.com

 

snow by Tanya   Markova - Nya on 500px.com

 

Passion by Marcin Jagiellicz on 500px.com

 

Winter Skin by Juan García on 500px.com

 

Holy way by Sergey Parishkov on 500px.com

 

Winter by Michael Färber on 500px.com

 

V3 by Moga on 500px.com

 

first snow by DesiArt Kuleshova on 500px.com

 

*** by witson on 500px.com

 

JimaGination Photography by JimaGination Photography on 500px.com

 

Winter Love by Jeremiah Kuehne on 500px.com

 

His faithful endures forever. by Nick Verbelchuk on 500px.com

 

Winter by grekovamashulya on 500px.com

 

Luftschlange by Jenny Theobald on 500px.com

 

The Cold by Chris  Burkard on 500px.com