Есен. Совршена утеха меѓу летните суши и зимското сивило. Изобилувајќи со секоја можна нијанса од топлатa палета на спектарот е примамлива за сечие око, а посебно на она фотографското. Речиси невозможно е да излезе лоша есенска фотографија, но просторот за имагинација е бесконечен. Па решив да ја ставам на тест и да го извадам максимумот од она што го нуди. Еве неколку правила(совети) за бајковита портретна фотографија во есен…
 
1. Location, location, location
Есенските топли бои се тука да доминираат како низ планините така и во урбаните средини. А локацијата е една од најбитните фактори во зависност од она што сакате да го постигнете во вашата фотографија. Од урбан есенски портрет преку street photography до шумска бајковита приказна. Your call! Ние се одлучивме за второто, па тркнавме на day off до Водно.
 
2. Манипулирајте со светлината
Секој би се согласил дека природната светлина е идеална за добар портрет. А есента е сезона препознатлива по таа пригушена мека светлина по која што сите очајно трагаме. Користете го секој период од денот за поинакви moody портрети. PS. Пуштете ја имагинацијата на појако и послужете се со секој извор на светлина што ќе ви падне на памет.
 
3. Осмислете го посакуваното сценарио и атмосфера
Креирајте ја вашата приказна. Details are everything – затоа обрнете внимание на ситниците. The tricky part кај портретната фотографија е контактот со моделот. Создадете комфорна и пријатна атмосфера во која ќе работите.На крајот од денот позната пракса е да завршиме со повеќе спонтано доловени моменти, но важно е да имаме одреден концепт кон кој ќе целиме.
 
4. За поголема слобода, фотографирајте во Manual mode
Kористете отворена бленда за поостар фокус на субјектот и позаматена апстрактна позадина или позатворена бленда за акцент на средината околу вас.
 
5. Последно но не помалку важно.. The rule is “there is no rule”!
Најбитно од се забавувајте се, не плашете се да експериментирате со своите идеи, бидејќи резултатот може да биде и подобар од очекуваниот.

 
Во продолжение уживајте во фотографиите.♡

 

img

IMG_542000

IMG_5428

IMG_5133

img_2983

IMG_532970

IMG_5342

THEONEnjkdsfsd

IMG_4345

IMG_5380

IMG_5231

theoneee

IMG_535mxcb2

theone

img_2983

autumnn

IMG_5459

IMG_5519

IMG_5328

IMG_5709neww

IMG_5683

IMG_5673

IMG_5331

IMG_5399

IMG_5610

IMG_5598

Фото: Стефанија Видовски