Сакаме храна. И сакаме да фотографираме храна. Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од кулинарски дела на познати и непознати готвачи, гурмански доживувања во странски држави, оброци споделни со пријатели, секојдневни ужинки во несекојдневни комбинации… Додека го пишувам овој пост, на Инстаграм, #foodporn има повеќе од 63 милиони фотографии од храна, #instafood повеќе од 42 милиони, а, со повеќе од 151 милион фотографии, #food е еден од најпопуларните хаштагови.

Меѓутоа, фотографирањето храна не е без предизвици. Така, составив кратка листа на едноставни совети за подобри, односно „повкусни“ фотки од храна.
 

Светлo

Најдоброто светло за фотографирање храна е природното. Поставете ја храната до прозорец, но осигурајте се дека сончевите зраци нема да паѓаат директно врз храната – идеално е инидиректното природно светло. За дополнително осветлување (осветлување на острите сенки) користете рефлектирачки површини како зиберка, фолија за готвење, стиропор или бел лист хартија.

Ако временските прилики не се поволни, ако фотографирате навечер или во студио, секогаш употребувајте дифузирано светло и рефлектирачки површини.
 

Реквизити

Користете реквизити соодветни на храната што ја фотографирате. Поставете ги во композицијата така што нема да го одземаат вниманието од храната. Користете крпи, лажици, чаши, чинии, шишиња, маси со различни површини и слично. Покрај овие, како реквизити можете да употребите и сурови состојки и зачини.

Бидете максимално креативни, но запомнете дека фокусот мора да биде на храната. Така, бидете внимателни при изборот на видот и бројот на реквизити.
 

Човеков елемент

Човеково присуство во фотографијата ќе ја направи истата попривлечна, пореална и ќе ѝ овозможи на публиката да ја утврди вистинската големина на храната која ја фотографирате. Не е задолжително да фотографирате цела личност – доволно е во позадината да се забележуваат само раце кои држат прибор за јадење.
 

Најдете соодветен агол

Иако храната би изгледала најприродно ако е фотографирана под агол од 45 степени (луѓето се навикнати да ја гледаат храната од тој агол), различни видови храна се поатрактивни од различни агли. Така, експериментирајте, направете неколку тестови пред да одлучите од кој агол ќе фотографирате.
 

Пареа

Пареата во фотографија од храна создава впечаток дека сте фотографирале штотуку зготвен оброк; таквата фотографија дефинитивно е „повкусна“. Меѓутоа, тешко е да се „фати“ природната пареа, па многу стилисти користат разни техники за да го заобиколат овој проблем. Една од најчесто применуваните и најлесни техники е следнава: на место од кое нема да е видлив на фотографијата се поставува памук натопен во жешка вода или загреан во микробранова печка.
 

Масло за јадење

Зеленчукот и месото премачкајте ги со масло за јадење за да изгледаат посвежно и попривлечно.
 

Бидете сити

Овој совет е најверојатно најважниот совет кој никој нема да ви го каже. Причината е проста: ќе бидете фокусирани на фотографирањето, а не на желбата да го неутрализирате предметот на фото-сесијата :)

 
Подготвив и колекција на вкусни фотки од македонски фотографи. Препорачувам убаво да се најадете пред да продолжете со скролање :)

Уживајте!

 

Ани Дими

Facebook | Stocksy

 

Мила Атковска

milaphotography.net
IMG_4984

IMG_0082

IMG_2421

 

Александар Буневски

Instagram | Flickr

 

Даниел Ѓурчиновски

Sitno Seckano | 500px | Flickr

 

Мартин Додевски

Behance | LinkedIn

IMG_6821

IMG_6744

IMG_7744

 

Јован Куциноски

Motion Emotion

JovanKucinoski1

JovanKucinoski2

 

Ерина Богоева

500px | Behance

Erina

 

Јане Наумоски

500px

jane