Пред некое време барав инспирација за фоткање на YouTube и додека листав низ безброј фото туторијали кои не ми беа воопшто интересни, налетав на Mango Street каналот. Во тоа време имаа извадено само еден тутроијал, но бидејќи беше единственото нешто што тогаш ми фати око решив да им дадам шанса и да ги заследам. И не згрешив!

Mango Street се Rachel Gullota и Daniel Inskeep, двајца фотографи од Лос Анџелес (кои мислам дека ќе ви се допаѓаат и за следење на инстаграм). Иако најмногу работат портрет фотографија, во нивните видеа може да најдете и совети за местење и фоткање и мртва природа, како и совети за инста фотки, а не само за „конвенционална“ фотографија. Видеата им се кратки и едноставни и лесно може и почетници да разберат што сакале авторите да кажат.

Естетиката им е прецизна до точка, а и повеќето совети кои ги даваат во нивните видеа се работи со кои се согласувам потполно и би ги препорачала и самата (затоа ви ги препорачувам и нив). А воедно и јас дури ќе послушам нови совети од нив. Затоа без да одолговлекувам понатаму, еве неколку видеа од Mango Street, па се надевам и вас ќе ви фатат око.