Многумина веруваат дека фотографирањето на филм е застарена работа. Отсекогаш се прашував колку комплексно или колку лесно би било да се фотографира на филм, бидејќи во споредба со дигиталната фотографија, резултатот не е инстантно видлив и потребно е многу искуство да се предвиди. Уште една причина поради која што одлучив да фотографирам на филм е фактот дека имам на располагање само 36 пози, што на некој начин те присилува да размислуваш повеќе пред да го притиснеш копчето.

film_alex01

За да дојдете до готова фотографија потребни ви се неколку нешта:

Аналоген фото апарат
За жал повеќе не се произведуваат и не можете да купите нов; јас најдов половен.

Филм
Препорачувам црно-бел филм за рачно развивање. Постојат неколку локации во Скопје каде што може да го набавите.

Развивач
Основната хемикалија во која се развива филмот, а истата можете да ја купите во подобро опремените продавници за фото опрема. Побарајте во ТЦ Скопјанка.

Канестер или Доза за развивање на филмот
Сад на кој се намотува филмот и во кој се истураат сите хемикалии со цел да се развие филмот (овој процес мора да биде спроведен во темна просторија).

Фиксир
Откако ќе го развиете филмот морате некако да го фиксирате, а процесот обично трае не повеќе од 5 минути.

Темна просторија
Со цел да го сместите филмот во канестерот за развивање (т.н. Доза)  потребна ви е темна просторија, а кога велам темна, значи целосно темна – не смее да има никаков светлосен извор (тоалет без прозорец е идеално за развивање во домашни услови).

Апликација
Штом ќе го сместите филмот во канестерот процесот е премногу лесен – потребно е само да ги измешате хемикалиите. Соодносот е предодреден (јас лично користам апликација за Андроид која точно кажува колку милилитри од што треба да измешате). Треба само да го одберете филмот како и брендот/карактеристиките на развивачот и оттаму апликацијата ве води низ целиот процес; опфатени се сите детали, од колку време треба да го мешате канестерот, па се до колку време треба да го миете филмот.

https://play.google.com/store/apps/details?id=com.digitaltruth.mdc&hl=en

Скенирање
Откако ќе го развиете и исушите филмот наредно нешто е да го дигитализирате. Ова се прави со скенер за негативи, но може да употребите било каков скенер.

film_alex02

Сите хемикалии, како и филмот можете да ги набавите од едно фото студио што се наоѓа во ТЦ Скопјанка. Црно-бели филмови исто така можете да набавите и во фото студиото што се наоѓа во Веро тафталиџе.

Од 36 пози успеав да добијам повеќе од половина одлични фотографии; сметам дека ова е нешто кое со дигиталната фотографија не се случува. Претпоставувам дека за 10 добри фотографии ќе требаше да направам 100 експонирања. Дали повторно би работел на филм? Се разбира, едвај чекам. :)

Алекс може да го најдете на 500px и Instagram.

film_alex03

film_alex22

film_alex21

film_alex20

film_alex19

film_alex18

film_alex17

film_alex16

film_alex11

film_alex10

film_alex08

film_alex06

film_alex04