Двете најшарени годишни времиња во природата се пролет и есен. Иако сите едвај чекаме природата да почне да цвета во пролет, есента е време во кое преовладуваат топли и јарки бои, дури и на мрачни временски услови. Природниот пејсаж се менува од еднобојните летни зелени нијанси во палета на црвено, жолто, зелено и сино, така што не е ни чудно што во оваа сезона многу фотографи се исклучително инспирирани да фотографираат природа. Сепак, есенските бои не се ексклузивни за парковите и планините туку даваат и посебни бои на градовите и урбаните средини. Еве неколку совети за фоткање есенски идили.

 

Реагирајте брзо

Есента трае со месеци, но најповолното време за фоткање се состои од само две недели низ тие месеци. Во зависност од временските услови, најповолни недели за фотографирање на овој тип пејсажи се последната недела од октомври и првата од ноември.

Испитајте го најсоодветниот терен

Градските паркови се очигледното и најбрзото решение за фотографирање на природа, но блиските шуми и планини можат да дадат драстично поубави пејсажи. Одете малку подлабоко и подалеку во природата од очигледното. Најубавите фотографии најчесто се кријат таму. Доколку сакате да ја уловите есента во урбана средина, концентрирајте се на потенцирање на јарките бои, карактеристични за ова време. Есента дава топли тонови и го крие честото сивило на градовите.

Само додајте вода

Есенските пејсажи ќе бидат само зајакнати ако додадете некоја ладна боја да им дава контраст на топлите. Езерата ќе ви покажат многу убави рефлексии на пожолтените лисја, а можете да ги користите и како „платно“ за абстрактни композиции со бои.

Фоткајте и детали

Иако пејсажите се фантастични, самите детали на есента можат да бидат уште поубави. Можете да се концентирате на лисјата, на нивната текстура, или на инсектите и животните кои можете да ги најдете во природата.

Користете затворена бленда за пејсажи, отворена за детали

Може звучи очигледно, но од технички аспект убаво е да знаеме дека со затворената бленда ќе доловиме детален пејсаж, а со отворена бленда ќе се фокусираме на еден дел од фотографското поле, а ќе го заматиме останатиот дел создавајќи прекрасни апстрактни текстури како позадина.

А сега една прекрасна есенска галерија од наши домашни фотографи без некој посебен ред.

 

Михаил Гаџовски

Instagram

DSC_4191mmmMihail

DSC_4050mmMihail

DSC_4027mmMihail

 

Стефанија Видовски

Facebook Instagram

Processed with VSCOcam with c1 preset

Processed with VSCOcam

Processed with VSCOcam with m5 preset

 

Александар Буневски

Instagram Flickr

DCIM100GOPROGOPR6694.

DCIM100GOPROGOPR6683.

2

 

Рилинд Хоџа

Instagram 500px Facebook  Web

Rilind2

Rilind01

 

Даниел Стојаноски

Instagram Flickr

Processed with VSCO with c1 preset

Processed with VSCO with c1 preset

Processed with VSCO with c1 preset

 

Рамадан Абдиу

Facebook

DSC_8030-HDR

DAN_8007-Edit

DSC_5134

 

Огнен Бојковски

DeviantArt Instagram 500px Web

giants_gathering_by_bojkovski-d4gab29

giants_gathering_4_by_bojkovski-d8563n9Ognen

fc5def6d5b87fbc26f54f98c5dd5ff05-d5i298wOgnen

 

Ирина Аврамовска

Instagram

Processed with VSCO with hb2 preset

Processed with VSCO with hb2 preset

3

 

Јане Наумоски

Instagram 500px

IMG_4273-Edit

IMG_4159

 

Ерина Богоева

Instagram 500px

DSC_08242

DSC_02601