Пред извесно време објавивме свадбени фотографии  од различни места низ светот. Ги оставивме фотографиите да зборуваат за себе и за тоа како тие фотографи ги доловиле моментите на заљубените парови. Сега, избравме неколку македонски фотографи кои често ја користат својата дарба да ги доловат најсреќните моменти на паровите низ Македонија. Овој пат, и не само што ќе ве оставиме да уживате во нивните свадбени фотографии, туку и ги прашавме да ни дадат совет за тоа како би пристапиле кон фотографирање на свадби.

Atelier 22, Alternative Wedding Photography ( Facebook страна / веб-страна )

Тимот на Atelier 22 е несомнено еден од најкреативните фотографски тимови кај нас. Тие беа меѓу првите свадбени фотографи кои избегаа од нормата на свадбеното фотографирање кај нас и се осврнаа кон доловување на весели моменти од прославите. Тие ни препорачаа:

„По долги години работа, нашите фотографи ја открија тајната на добрата свадбена фотографија. Се разбира, тајната не би била тајна ако ви ја кажеме сега, но би сакале да ве насочиме да размислувате за краткиот временски период меѓу сонот и јавето: неколку секунди откако ќе ги затворите очите и пред да потонете во сон ќе влезете во магичниот свет на фантазијата и таму ќе ги видите најубавите пејсажи и најнасмеаните лица од нашите фотографии.“

11328746_966129353419351_932125432_o

11422133_966129356752684_855135706_o

11328228_966129363419350_838013446_o

11422888_966129360086017_319484465_o

 

Extraordinary Photo (Facebook страна)

Ова динамично дуо од Кочани се состои од Лилика Стрезоска и Горан Кочов кои заедно на оригинален начин ги овековечуваат свадбените прослави. Тие нѐ посоветуваа вака:

Лилика Стрезоска: Иако треба да бидете организирани и спремни за фотографирање, спонтаноста е клучот! Секогаш фаќајте ги оние моменти кои се неочекувани. Невестите обожаваат кога се фотографирани како делат некој специјален момент со родителите или со нејзиниот иден сопруг.

Горан Кочов: Паровите саакат фотограф кој е расположен, љубезен, пријатен. Но денот не за нас  туку, за нив. Направете фотографијата да биде забавен дел од нивната свадба, но бидите ‘’невидливи’’ што е можно повеќе.

1

DSC_7612

DSC_7359

DSC_8502

 

Twoo Clicks (Facebook страна / Tumblr )

Twoo Clicks се составени од одличните фотографи Весна Пукич Тирицовска  и Александар Буневски  од Битола. Нивната иновативна техника на фоткање и обработување фотографии резултира во разиграно доловување на настаните кои ги покриваат. Нивниот совет е:

Свадбата сама по себе претставува настан исполнет со многу емотивни моменти. Затоа може да се каже дека свадбената фотографија е уметност. Потребно е во вистинското време да бидете на вистинското место.

Еден од најважните елементи е светлината. Способноста да играте и манипулирате со светлината ќе ја направи вашата фотографија подобра и поуспешна.

11348474_662082553936212_2028586251_o

11351055_662082547269546_1944191943_o

11327922_662082550602879_417938530_o

11296507_662082567269544_1816703175_o

 

 

Will You? (Facebook страна / Tumblr )

Ирена Мила и Елена Фиданска ни се единственото женско дуо во статијава. Под заедничкото име Will You? тие ги раскажуваат приказните на нивните заљубени парови на шарен, интересен и современ начин. Советот што ни го дадоа е:

Најголемата уметност во доловувањето на емоциите кај двајца младоженци е комуникацијата со нив. Самиот ден на свадбата е прилично стресен и за двајцата, па затоа она што најмногу им е потребно пред нив и околу нив е смирен, насмеан и пријателски расположен фотограф. Би нагласиле и тоа дека едно, две или три кафиња/пива испиени со новите младоженци придонесува да се развие енергијата меѓу нас и нив која што понатаму ќе придонесе за опуштени и спонтани момети. На крај најважно е да се долови вистинската слика за прославата, а не статични групи на луѓе со исти насмевки пред објектив.

10271381_687189304689482_1427490976779856919_o

10551527_711158835625862_7398337457439907420_o

11041594_808079765933768_7248457056963264435_o

11054326_831568100251601_3034404031887380369_o

 

Дејан Бошковски (Facebook страна)

Дејан е одличен фотограф на кој стилското доловување на спонтаните моменти и насмевки од прославите му е најјака страна. Тој нѐ посоветува вака:

За успешни свадбени фотографии, според мене, е потребна мешавине помеѓу релаксирани и весели портрети и документарна фотографија. За мене овој тип фотографија треба да се фокусира на три клучни термини: љубов, забава и стил. Исто така важно е фотографот да биде константно присутен на настаните, но во исто време и да биде ненаметлив за да може да ги долови искрените спонтани моменти на луѓето.

IMG_1987

19

IMG_5516

DSC_0247

 

 

Петар Тасевски (веб-страна)

Петар е наградуван фотограф со големо искуство во фотографирање свадби, младоженци и прослави чии што фотографии имаат неверојатна естетика. Неговиот совет за фоткање свадби е:

Свадбената фотографија може да биде голем предизвик доколку сакаш да направиш убава фотографија во услови кои не зависат од тебе, односно простор кој не го бираш ти, недостатокот на време и извор на светлина. Најважно е да се има добра комуникација со моделите и се разбира позитивна енергија. Само така ќе успееме да го добиеме нивното внимание и доверба и да направат тоа што го бараме од нив за да ја направиме фотографијата која ја сакаме. Композицијата е еден од најважните елементи во фотографијата, па важно е да играме со елементите во просторот каде што фотографираме, за да направиме убава композиција. Постпродукцијата е секако неизоставен дел од денешната модерна фотографија, па треба да се применува затоа што доколку имаме убава композиција со добра обработка само ќе ја потенцираме убавината и ќе се даде дополнителен ефект на моќ. Постпродукцијата е креативен момент каде што авторот ја изразува својата имагинација преку обработката на фотографијата, притоа давајќи го својот препознатлив стил.

DSC_6151

DSC_9770

DSC_7935

10