Започнува третото издание на натпреварот за најдобра хорор фотографија „Sinister Days“. Овој натпревар е нашиот скромен придонес кон поттикнувањето на творењето во овој жанр, како и можност (повторно) да ја истакнеме разноликоста, имагинативноста и моќта на хорор фотографијата.

Жирито за „Sinister Days III“ ќе биде составено од тимот на Revoshot: Ерина, Димитар и Јане. Како и лани, Гоце Велески е задолжен за графичкото претставување на „Sinister Days“.

Фотографиите испратете ни ги до 18ти Ноември користејќи ја формата на оваа страна. Секој автор може да учествува со неограничен број фотографии. Задолжително е фотографиите да бидат ваше дело, и тоа во целост — фотографиите што не се ваши, како и фотографиите со делови од туѓи фотографии монтирани со помош на Фотошоп (или друг софтвер за едитирање) нема да бидат земени предвид.

Сите пристигнати фотографии ќе бидат објавени на Revoshot. Од нив, жирито ќе одбере три најдобри и ќе ги награди. Како и досега, наградите се симболични:

 

Прво место – фигура Фреди Кругер

prvomesto

 

Второ место — модел на череп

vtoromesto

 

Трето место — чаша во форма на череп

tretomesto

 
Го обожаваме овој период од годината — есента е време на необичен креативен полет и иделно време уметничкото око да се соочи со мрачните ќошиња на светот и застрашувачките аспекти на животот. Со нетрпение ги очекуваме вашите фотографии. За инспирација, предлагаме да ги погледнете фотографиите од претходното издание на „Sinister Days“:
 

Прво место: Ладислав Кинг

Andrei_Chikatilo
 

Второ место: Јасна Чилиманова Накова

DSC_0564
 

Трето место: Филип Бојковски

IMG_6535

 

Пофалени фотографии

 

Радица Котарска

DSC_0198-demonsinisterdays
 

Јована Мишкоска

DSC_8737-Edit-2
 

Рилинд Хоџа

DSC_2530