Заробени детски спомени во лимена кутија. Предолги мигови минати криејќи се зад кадифени завеси или пак чекајќи истите да се отворат.

Универзална сала е место кое е дом на детската смеа и радост. Или бар беше еднаш не толку одамна. Секој од нас има поминато значајно време во истата, некој на сцената, некој во публиката. Со Елена решивме дека ќе ги доловиме две страни од приказната преку овој серијал – трчањето по сините скали, ѕиркањето зад завесата и шетањето меѓу бескрајните редови столици за време на генералните проби, како и нестрпливото чекање да започне концертот и барањето на сопственото место во големата сала.

19

Сепак, искуството да влезеш во објект кој веќе некое време е вон употреба, а кој го паметиш само преку детските очи е чудно. Како Алиса кога ќе премине преку огледалото и ќе го види својот дом во еден сосема друг распоред.

Се надевам дека фотографиите кои следат доловуваат доза на носталгија, а верувам дека прекрасното фустанче со “детски” куќички кое е соработѕка меѓу Ирина Тошева и Ване Костуранов само го надополнува евоцирањето на спомени од детството. Единствената надеж е дека Универзалната сала некогаш повторно ќе блесне во својот полн сјај и секој ќе може да ги доживее одново овие моменти од своето детство.

1

2

5

6

8

13

14

15

16

20

21

25