Многу љубов, насмеани ликови и пријателски честитки ја обележаа прославата на третиот роденден на Revoshot. Во пријатната атмосфера на „Кафе бар Љубов”, Revoshot и оваа година ги собра љубителите на фотографијата и нивните пријатели. Им благодариме на сите кои одвоија од своето време  да бидат дел од нашата роденденска забава и на сите, кои со своите фотографии од #РевоПреземање, ја збогатија нашата галерија. За сите останати, кои не беа во можност да дојдат, пренесуваме дел од атмосферата во „Кафе бар Љубов”.

Воедно, галеријата на фотографии од нашата роденденска забава ќе ја искористиме да ве запознаеме со уште една нова категорија во рамките на нашиот блог. Користејќи ја познатата изјава „една фотографија – илјада зборови”, ве покануваме да ги погледнете фото приказните кои ќе ги донесат до вас тие зборови. Соодветно на тоа, новата категорија и ја нарековме РевоПриказни. Се надеваме дека ќе ви се допадне и дека ќе уживате во РевоПриказните кои ќе следат.

1

8

10

11

13

4

6

7

3

2

9

14

5

12

Фотографии:
Стефанија Видовски и Ирина Крстевска