Од овој брз свет на хаотични неделни агенди и секојдневни обврски, the way out е обично
Неговото Височество Викенд. А ако има нешто подобро од тоа тука е продолжениот. Пролетта и летото во нашава земја се сезони во кои се празнуваат еден куп денови, па како такви се од есенцијално значење за задолжително бегање од градската врева.
Како предвремено договорен и резервиран ни беше изминатиот празничен викенд. Дестинација? На bucket list-от за летово ми стои: До истражија Македонија па одлучивме тоа да биде Источна Македонија, по конкретно убавините на Осоговскиот крај.

А таму? Еве се мислам од каде да почнам, но сепак ќе оставам на фотографиите да го раскажат поголемиот дел.

Лоцирани во сред длабока борова шума на 1600 метри надморска височина слободно можам да кажам дека го најдов рајот на земјава.
Се искачивме на Пониква, тркнавме до сите попатни манастири, ја посетивме и браната Градче која пак на пола саат од неа меѓу широкиот масив на планини го крие и водопадот Градче. И не дозволивме да останеме “покуси” па на враќање го вкусивме и Штипскиот деликатес- пастрмајлија.

За искуството да биде помагично, од огромна улога беше и сместувањто. Комплекс од ресторан и комфорни апартмани сместени длабоко во мирот на шумата. Дечките од Осоговска куќа беа прељубезни, а самата поставеност на комплексот ќе ви направи да посакате да останете засекогаш. Доколку се одлучите на шетање, it’s a must-visit place!

Во продолжение ви следува визуелен приказ на раскажаното. Уживајте во галеријата, а за целосното неописливо искуство… Live long and explore!♥

IMG_9867

IMG_9954

IMG_9965

IMG_0001

IMG_9994

IMG_0455

IMG_0011

IMG_0030

IMG_0047

IMG_0058

IMG_0080

IMG_0037

IMG_0049

IMG_0218

IMG_0109

IMG_0126

IMG_0134

IMG_0149

IMG_0249

IMG_0248

IMG_0203

IMG_0180

IMG_0326

IMG_0327

IMG_0332

IMG_0377

IMG_0380

IMG_01321

IMG_03163

IMG_0368

IMG_0396

IMG_0419

IMG_0474

IMG_0477

IMG_0473

IMG_0621

IMG_0481

IMG_0485

IMG_0492

IMG_0503

IMG_0499

IMG_0619

Фотографии: Стефанија Видовски