Се сеќавате на тимот Со грижа до бериќет?
Оние кои посветено работат на воспоставување на заштитени подрачја и природни реткости во Брегалничкиот регион, промоција и развој на истиот и воедно подигнување на свеста за зачувување на природните вредности во Македонија.

Истите оние кои пред 4 месеци нѐ запознаа со скриените убавини покрај течението на реката Брегалница, преку еден куп едукативни и авантуристички активности како посета на волшебните водопади во Пехчево и старите древни пештери во Лесново, Калиманско езеро, посета на најголемото гнездо на штркови, off-road авантура низ шумите над Пехчево, посета на локални пчелари кои го произведуваат највкусниот ливадски мед и што уште не.

Е токму тие, по долго и активно лето, одлучија дека е време да не запознаат со останатите богатства што ги нуди Брегалничкиот слив.

Па така, пред неколку недели се случи и втората Инста тура низ Брегалничкиот регион, на која јас и тимот на Инста ентузијасти ја имавме ексклузивната можност да бидеме поблиску запознаени со работата, како и успешните резултати на тимот Со грижа до бериќет и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Првата станица од нашата експедиција беше Штип. Моравме добро да ги наполниме батериите, па Штипјани како добри домаќини не пречекаа со нивниот најпознат деликатес – пастрмајлија и не убедија дека не постои погрешно време во денот за јадење пастрмајлија.

Откако се нагостивме, се упативме кон нашата прва возбудлива дестинација – Баргала. Античкиот град (населба) Баргала е значаен археолошки локалитет кој се наоѓа во подножјето на планина Плачковица, а оддалечен е 12 км од Штип. Шетајќи низ древните, калдрмени улици се почувстував како времето одеднаш да запре, а јас се вратив назад во некој друг век.

IMG_3364

Инаку античкиот град Баргала е изграден во периодот од 4-6 век. Најпрво служел како воен римски логор, за подоцна по губење на неговото стратешко значење да прерасне во цивилен – епископски град.

IMG_3397

IMG_3399

Следно на агендата ни беше село Чешиново.

“А што е толку значајно за село Чешиново?”, ќе прашате.
Доколку прочитавте како си поминавме на претходната тура во јуни, веројатно веќе знаете дека село Чешиново е домот на најголемото гнездо на штркови. Но, освен тоа што е познато како живеалиште на овие птици, во село Чешиново се одгледува највкусниот ориз произведен на одржлив начин. Во превод, ориз произведен со помош на системот капка по капка кој за првпат во Македонија е воведен токму во село Чешиново.

IMG_3446

На наше големо задоволство, имавме прилика да посетиме фармери кои ни го објаснија процесот, како и придобивките од одржливот начин на производство на ориз. А за презентацијата да биде комплетна, ја имавме честа да бидеме поканети на дегустација на домашни, традиционални оризови специјалитети.

IMG_3464

Сармички од зелка, тава ориз со спанаќ, тава ориз со пилешко, салата од ориз, сутлијаш со какао, сутлијаш со афион, чоколадни бомбици од експандиран ориз, колач од ориз… Во кратки црти, рајот за сите гурмани и љубители на ориз.

cesinovo2

IMG_3459

По половина час дегустација, разговор со љубезните домаќини и размена на рецепти за оризовите специјалитети сфативме дека времето си тече, а ние имаме уште многу возбудливи дестинации пред нас.

Па така, го продолживме нашиот пат и се упативме кон Осоговските планини. Го посетивме новоотворениот туристички инфоцентар на Пониква кој претставува дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија. За оние кои не се добро запознаени со овој регион, значајно е да се спомне дека сите потребни информации, насоки и мапи, летоци или сувенири можат да се добијат во самиот објект.

IMG_3472

IMG_3468

Објектот располага со преубав, простран двор и летниковец од кој може да се ужива во живописната панорама.

Нашата истражувачка експедиција продолжи по едукативната патека на клукајдрвчето. Спој од чудесениот, разновиден свет на флора и фауна, жолтиот тепих од есенски лисја распостелен насекаде околу нас и звукот на тишината.

IMG_3831

IMG_3486

IMG_3494

IMG_3497

А, од таму продолживме на ручек во волшебниот, традиционален комплекс Осоговска куќа сместен длабоко во буковата шума на Осоговските планини, на 1250 надморска височина,12 км оддалечен од Кочани, 8 км од Пониква. Убавината на овој предел не се опишува со зборови, затоа ќе оставам фотографиите да зборуваат место мене.

IMG_3500

IMG_3507

IMG_3824

IMG_3800

IMG_3517

Последните зраци од ноемвриското сонце нѐ погалија и нѐ потсетија дека е време да го завршиме нашиот ден.

Но, познавајќи ја нашата нескротлива желба за авантура, сепак не можевме така лесно да ставиме крај на овој ден. Па, како последна дестинација од првиот ден од нашата истражувачка експедиција, го одбравме Музејот на град Виница.

Таму бевме подетално запознаени со археолошките ископини од Виничкото Кале, од кои како најзначајни за нашата историја, а воедно и ранохристијанската археологија беа издвоени теракотните икони.

Бев пријатно изненадена од фактот дека едни од најзначајните артефакти што го претставуваат ранохристијанстовото всушност потекнуваат од нашата татковина.

IMG_3550

За оние кои не знаат, виничките теракотните икони се вбројуваат меѓу најексклузивните наоди во историјата на македонската археологија и се прогласени за светски раритет во областа на ранохристијанството. Сe смета дека потекнуваат од периодот на крајот на IV век д окрајот на VII век. Исто така до сега, биле изложувани во повеќе градови: Ватикан, Загреб, Љубљана, Москва, Минхен, Варшава, Рим, Париз итн.

Од тука со полни срца и заситени сетила се упативме кон хотелот каде ја поминавме ноќта и ги наполнивме батериите за вториот ден од нашата истражувачка експедиција.

Рано изутрина си ги подготвивме ранците и се упативме на незаборавна off road авантура до Ченгино Кале. Попатно застанавме да ги истражиме убавините на волшебните, есенски букови шуми и да чуеме збор два за најстарите, вековни дрвја во Малешевскиот крај.

IMG_3655

IMG_3632

IMG_3652

IMG_3649

Инаку, областа Говедарник (домот на буковите дрвја стари над 500 години) претставува едно од подрачјата на кои Програмата за зачувување на природата работи со цел да го заштити.

IMG_3678

IMG_3672

IMG_3676

IMG_3682

IMG_3685

IMG_3668

По неколку часа адреналинско возење по живописните ридови на прекрасните Малешевски планини, пристигнавме на врвот. А таму пак, нѐ чекаше неверојатниот поглед кон Пирин планина.

IMG_3740

IMG_3733

IMG_3729

Црешичката на шлагот беше неочекуваниот потег на тимот Со грижа до бериќет, кои ги послушаа нашите молитви за фамозната Бабина торта, па ни ја спакуваа и донесоа на 1760метри надморска височина. За искуството да биде уште понезаборавно, понесовме и сок од бозел – нешто што засекогаш ќе ме поврзува со овој тим на прекрасни луѓе.

IMG_3751

IMG_3728-2

IMG_3759

IMG_3766

IMG_3803

IMG_3802-2

IMG_3812

Последната станица од втората Инста тура беше Кукуље.
Импресивен локалитет за кој првата асоцијација ми беше Grand Canyon. Место кое ми остави впечаток дека се наоѓам некаде надвор од Македонија.

IMG_3858

Кукуље, попознато како втора Куклица во Македонија е уникатна, релјефна појава која се наоѓа во подножјето на планината Бејаз Тепе. Величенствен ерозивен отсек кој е длабок 60-тина метри со карактеристични форми на камени кукли. Се работи за интересна, природна појава која е настаната како последица од вековната ерозија на карпите, при што како најдолговечни останале само поцврстите делови.

IMG_3854-2

IMG_3862

И, тука за жал заврши нашата дружба. Уморни, фасцинирани од се што истраживме и преплавени од еден куп емоции се упативме накај дома. Но, иако викендот одамна помина, знаењата и пријателствата со кои се збогативме се тука да останат засекогаш.

Екипо, уште еднаш ви благодарам за уште едно неверојатно искуство истражувајќи ги природните и културните богатства што ги нуди Брегалничкиот крај.

А, за сите вас што го читате ова, се надевам дека бар малку успеавме да ви ја пробудиме желбата да излезете од комфорт зоната и потполно да се препуштите на сета убавина што ни ја нуди нашата прекрасна Македонија.

‘Till next time.

Фотографии: Стефанија Видовски