Почеток на работна недела, па да се фатиме за работа. Сеуште под импресии од изминатиот викенд, собирам впечатоци,средувам фотки и ви спремам нов пост. А викендов? Викендов пројде лудо и бурно, особено четврток вечер (#CountThatIn). Прашувате што се случуваше? Одговорот е долгоочекуваната метал свирка и промоција на ЕP-то на Trendkill.

За тие што првпат се среќаваат, Тrendkill e Crossover/Metal/Hardcore бенд кој е активен и постои веќе 5 години на домашната сцена, а позади себе има голем број на жестоки Live настапи. Оригиналниот состав на бендот ги вклучува: Вокал: Даме Стефановски; Гитара: Дамјан Јанев; Тапани: Симеон Јанев; Бас: Милош Дејановиќ, а од неодамна екипата е во освежен состав и тоа: Вокал: Калин Марковиќ; Гитара: Дамјан Јанев; Тапани: Симеон Јанев; Бас: Никола Силјановски. Момците во оригиналниот состав во 2014 го издаваат нивното прво ЕP под името “Nothing to prove”, по кое што во 2015 следи и нивното првенче- албумот “Colors of self”, a веќе зимава во својата нова постава го издаваат и нивното второ ЕP насловено “Приградски Хардкор”. Се состои од три енергични песни кои што е препорачливо да ги преслушате и се достапни на YouTube, Soundcloud.
Check them out!

За целосниот жесток и моќен настап покрај Trendkill, од домашната сцена беа задолжени и момците од добро познатиот hardcore бенд Short Fuse Hero кои што скоро го издадоа и својот прв албум “Back to basics”. Поддржете ги дечките и преслушајте го! На наша огромна жал поради неодложливи обврски стигнавме при крај на нивниот настап.. Sorry guys :(
Како посебни гости на настанот беа и дечките од Берлин – United & Strong кои што додадоа многу на атмосферата.

Страшна енергија, моќни сценски настапи, многу вињак и пиво, stage dive-ови(читај: СклекDive) и еден куп убави луѓе…
Јас нема многу да должам на објаснување и ќе пробам да ви ја пренесам атмосферата која владееше четвртокот вечер во “Shadows” преку следнава галерија, а на вас оставам да процените како сме се забавувале!

P.S. Не заборавајте да ја поддржите својата локална underground сцена! Go show some lovin’ ♥

 
IMG_6626

IMG_7039

IMG_6733

IMG_7134a>

IMG_6671

IMG_6751

IMG_6791

IMG_6879

IMG_7094

IMG_6916

IMG_6946

IMG_6967

IMG_6995

IMG_7009

IMG_7022

IMG_7027

IMG_7067

IMG_7069

IMG_7091

IMG_67666

IMG_66711

IMG_68333

IMG_7113

IMG_7131

IMG_6517

IMG_6536

IMG_6556

united and strongIMG_6480

usIMG_6486