Како фотограф кој сака да патува (а кој не?), сфатив дека кога си ги организирам патувањата најчесто ги бирам местата кои сакам да ги посетам по тоа дали ме инспирираат за фоткање или не. Иако не се држам да ги посетам само тие места, сепак, во едно патување сакам да имам минимум една локација (во зависност од должината на патувањето) од која ќе сакам да извадам убави и уметнички, а не само туристички, фотки.

Но, некогаш најубавите фотографии ги „фаќам“ на спонтано-на места на кои не сум планирала да одам, или во време од денот кога има ужасно светло- и тие искуства ми се некако послатки. Таков е случајот со оваа #РевоПриказна: Ботаничка градина, која е посветена на ботаничката градина во Берлин. Престојот во Берлин ми траеше скоро една недела од која пет дена времето беше сончево, топло и преубаво за мерење улици, но шестиот ден времето беше како во доцна есен иако беше март. За тој последен ден, оставивме да видиме некој музеј можеби и како некоја „бекап“ опција ја оставивме ботаничката градина. Не знам како, ама ботаничката градина излезе да ја видиме прва- и не излеговме со саати! Со оглед на тоа дека е огрома, налетавме дури на две комплетно различни фотосесии внатре.

Потрошив цела картица и пола батерија на фоткање таму, па еве дел од тоа што видов.

DSC_19032

DSC_19071

DSC_19371

DSC_1946

DSC_19482

DSC_1964

DSC_19681

DSC_1973

DSC_20201

DSC_2026

DSC_2050

DSC_20691

DSC_2071

DSC_2130

DSC_2145

DSC_1982

DSC_2078

DSC_2209

DSC_2086