Со последните топли сончеви зраци доаѓа и раната носталгија за летните патувања, и соодветно навраќањето кон фотографиите од истите. А ќе биде глупо доколку истите тие спомени не завршат споделени со широката јавност, сепак сме станати такво споделувачко online општество.

Лисабон, Португалија, лето господово 2018.

4 сончеви денови исполнети со привремено пиркање на ветре, заљубување во убави згради поплочени со бескрајни геометриски шари и минимум дузина изедени pasteis de nata.

Во продолжение random street shots, а и по некоја кул локација која со цело срце препорачувам да ја посетите.

Portugal-43

Portugal-9

Portugal-8

Portugal-12

Portugal-2

Portugal-20

Portugal-5

Portugal-6

Portugal-3

Portugal-40

Portugal-42

Portugal-23

Portugal-22

 

LX Factory

Стар фабрички комплекс претворен во главниот креативен hub на Лисабон. Од ресторани и кафулиња со интересен декор, до продавници за рачни изработки и мали независни брендови, LX Factory има се што ќе ви текне. Во склоп на комплексот ќе ја најдете и веројатно најфотогеничната продавница за книги- Ler Devagar.

Ако треба да се сумира овој простор, би рекла: Дојдов за одличниот поглед од барот на поткровјето на една од зградите, ама се заљубив во графитите и муралите.

Portugal-31

Portugal-39

Portugal-36

Portugal-33

Portugal-34

Portugal-35

Portugal-32

Portugal-38

 

Champalimaud Foundation

За сите кои не се вљубеници во модерната архитектура, слободно прескокнете го овој дел бидејќи е посета на јавниот простор на приватна биомедицинска истражувачка фондација. Да, прочитавте точно…

И додека не може да се влезе туку така во внатрешноста на самиот објект, просторот меѓу двата главни објекти е неверојатно доживување. Во принцип, една работа на која не е штедено при проектирањето на фондацијата е оставањето слободен празен простор.

За оние доволно заинтересирани, архитектите се Charles Correa Associates.

Portugal-29

Portugal-25

Portugal-27

Portugal-26

 

Centro de Artes Calouste Gulbekian

Главниот музеј за современа уметност, кој се протега низ дури 3 згради споени со прекрасен парк во средината. И додека средината е неверојатна, а уметноста on point, при посетата на овој музеј си ставив приоритет на уживање место фотографирање. Така да, следат само 2 random слики.

Portugal-48

Portugal-49

Oriente railway station

За крај, објект кој исто како и Champalimaud Foundation беше посетен исклучиво заради неговиот интересен архитектонски израз. Едно од неколкуте јадра на јавен транспорт во Лисабон, Oriente се наоѓа во поновиот модерен дел од градот чија панорама е исполнета со облакодери.

Fun fact: Проектот за овој објект е на познатиот шпански архитект Santiago Calatrava. (google him)

Portugal-46

Portugal-45

Portugal-47