Дозволете да ви ја раскажам приказната за тоа како десетмина инстаграмџии, ентузијасти и вечни трагачи по авантура се заљубија во Источните предели на Македонија.

Пред една недела, заедно со уште девет креативни инстаграмџии ја имав честа да бидам поканета на една незаборавна авантура со цел подобро да ги запознаам природните, културните богатства, како и традицооналната кујна во Источниот регион на Македонија.

Подетално, се работи за едукативен, истражувачки и прекул проект на Програмата за зачувување на природата во Македонија поддржана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка (Swiss Agency for Development and Corporation – SDC).

Our first stop – Го посетивме село Лесново, научивме нешто повеќе за вулканскиот кратер на којшто селото лежи, се симнавме и до Лесновските пештери коишто патем се создадени од човечка рака и се искористувани како ќелии во кои тогашните мештани се повлекувале за молитва.

Наминавме и до прекрасниот Лесновски манастир, а за сето тоа да звучи уште поубаво и неодоливо, бевме разгалени и нагостени со традиционална македонска храна зготвена во Вила Весна.

IMG_0481

IMG_0483

IMG_0491

IMG_0501

IMG_0528-2

IMG_0542

IMG_0583

IMG_0569

IMG_0590

IMG_0604

IMG_0602

Пробавме домашен зелник, тиганици, вкусен домашен ајвар, сирење, најубавото домашно потквасено кисело млеко, а во меѓувреме жедта ја гасневме со свежите сокови од бозел, ајдучка трева и сливи.

Специјалитетите на тетка Весна се нешто што задолжително ви го препорачувам да го вкусите доколку некогаш патот ве одведе до Лесновскиот крај.

Гурмани како гурмани, не успеавме да одолееме ниту на нејзиното домашно слатко од тикви и традиционално подготвена баклава. Мх, мх! Комплетно размазување на сите сетила.

IMG_0622

IMG_0617

IMG_0604

IMG_0624

IMG_0611

IMG_0625

IMG_0627

Одтаму, ја продолживиме нашата мисија низ Брегалничкиот слив, па се упативме накај село Уларци каде го откривме најголемото гнездо на штркови; потоа кон селото Мородвис, дом на платоновите стебла и познатиот археолошки локалитет Црквиште чиј ископини датираат од 5ти и 13ти век.

IMG_0632

IMG_0633

IMG_0664

IMG_0642

IMG_0684-3

IMG_0661

Следни на агендата ни беа водопадите и вештачкото езерото Градче кои се изолирани во длабока шума 6км северно од Кочани. Мал рај на земјата кој ви е достапен за само половина час возење низ живописниот и пошумен пат.

Попладневната почивка покрај езерцето ни доволно енергија и елан да ја продолжиме нашата експедиција.

На наше огромно задоволство имавме прилика да отидеме во посета на локален пчеларник каде научивме многу корисни информации за самиот процес на производство на медот и развојот и работата на пчеларството во Источниот предел на Македонија.

Значително е да се спомне дека Програмата за зачувување на природата во Македонија активно го поттикнува развојот на пчеларството во Источна Македонија преку обуки на идни млади пчелари и доделување на пчелни семејства со цел започнување на свое производство.

А ние пак, ја имавме таа чест да ги освежиме нашите знаења и да си добиеме тегла ливадски мед произведен од еден од новите, успешни пчелари.

IMG_0720

IMG_0492

IMG_0474

IMG_0804

IMG_0816

IMG_0792

IMG_0844

IMG_0813

IMG_0838

Во приквечерните часови, Берово и Хотел-Манастир нè пречекаа, топло не прегрнаа и ни посакаа пријатна и спокојна вечер.

Hаредниот ден, ни беше резервиран за прошетка околу Беровското езеро, off-road авантура до Јудови ливади над Пехчево каде имавме прилика за првпат да се сретнеме со инсектојадното растение Drosera Rotundifolia (муволовка), попатна едукација во врска со разновидниот и автентичниот растителен како и животински свет во тој предел и посета на ново-отворениот Едукативен центар во склоп на Програмата за зачувување на природата.

Адреналинот и желбата за дружба растеа се повеќе, па моравме да ја посетиме и адреналинската патека во шумата над Пехчево. А за ручекот да биде уште побајковит, љубезниот тим од Хотел Гогов ни го подготви највкусниот пикник во мирот и спокојот на боровата шума.

П.С. Ако некогаш ги посетите овој крај, не заборавајте да го пробате нивниот сладок специјалитет – Бабина торта. А за сирењето, доматите и зелниците, да не правиме муабет…

IMG_0852

IMG_0887

IMG_0861

IMG_0864

IMG_0871

IMG_0858

IMG_0893

IMG_0904

IMG_0907

IMG_0910

IMG_0924

IMG_0928

IMG_0940

IMG_0976

Инста турата ја заокруживме со посета на еден од најубавите Пехчевски водопади – Црнодолскиот водопад. За оние кои се желни за поголема авантура, значајно за овој предел е тоа што постојат 9 Пехчевски водопади. Два од нив се на реката Брегалница, додека останатите седум се на реката Црн Дол, Љутачка Река (Ж’тачка Река) и Спиковски Андак. Оддалечени се некои 6 км од Пехчево, а до секој од водопадите водат посебни шумски, волшебни патеки.

IMG_1052

IMG_1057

IMG_1062-3

IMG_1089

IMG_1094

IMG_1096

IMG_1097

Јас единствено би допоплнила дека не постојат зборови со кои би можела да ви ја опишам состојбата на мојот ум после оваа дво-дневна истражувачко-шетачка експедиција.

Источна Македонија изобилува со безброј воодушевувачки локации, значителен животински и растителен свет кои вреди да се истражува, ужива и зачува за нашите идни генерации.

Со грижа до берикет, ви благодарам уште еднаш за оваа прекрасна можност да ја доживеам и почувствувам Источна Македонија во нејзиното вистинско светло.

Оливер, Цветан, Јасминка, Димитар, Даница, Александар, Борис, Милош, Евгенија, Марија, Васил, Кирил, Моника, Ирена, дечки… фала ви од сè срце за прекрасната дружба!

А за сите оние кои се заинтересирани да научат повеќе интересни факти во врска со растителниот и животинскиот биодиверзитет, локации за истражување и шетање низ Брегалничкиот предел, или пак работата на Програмата за зачувување на природата, слободно посетете го нивниот Инстаграм и Facebook профил.

Till next time!

Фотографии: Стефанија Видовски