‘’ Се надевам дека јадењето ќе ти биде подобро од хуморот ‘’. Со овие зборови упатени кон машкиот тим,  женскиот натпреварувачки тим го прифати предизвикот  во готвење. Морам да кажам дека беше интересно цели  четири  часа да се биде сведок на едно невообичаено  и забавно натпреварувачко шоу  организирано од  МКЦ , како дел од  музичкиот фестивал Здраво млади. Збогатено  со музика и експлозија од различни вкусови и мириси, ова шоу ми овозможи мене и на сите присутни, едно исполнето и забавно неделно попладне.

Готвачкиот предизвик започна со Мирко Попов кој ја воодушеви присутната публика со мешана салата и мали  парчиња телешко месо приготвени со тајниот зачин на неговата мајка. Женскиот  тим во комбинација од уметник и писател , Јана Јакимовска и Румена Бужаровска, ни донесоа дел од тајландската кујна, како и сигурната класична комбинација на ориз и пилешко месо зачинето со многу  кари. Нивниот ‘’food bonus’’ беше чизкејкот со малини. Забавата ја завршија  потпечените  француски лепчиња со парчиња  сецкан  бифтек и растопен кашкавал на Гоце Саф.

И, бидејќи секој натпревар мора да има и победник, со помош на гласната публика беше прогласен Мирко Попов за победник  на предизвикот и добитник на ‘’Златната кутлачa’’.

Во продолжение, погледнете ја фото приказната со која ке се потрудам да ви ја доближам атмосферата пред  МКЦ ова неделно попладне:

20

3

5

4

37

8

7

10

2

15

6

19

18

17

11

21

25

9

12

27

24

23

31

1

30

29

34

33

32

36

35

Фотографии:

Ирина Крстевска