Шареноликоста овој пат во улога на инклузивност во фотографијата. Изложбата која ви ја најавуваме денес е нешто кое навистина вреди да се посети и поддржи.

Ликови, очи, мали дупчиња во листовите, шарени предмети, дрвја…разновидноста во интересите е видлива низ фотографиите произлезени од работилниците кои се одржаа во април/мај 2016, под менторство на фотографката Фросина Илиевска. Во овој период, 10 учесници со Даун синдром имаа можност да се дружат, да учат што се композиција, портрет и други концепти и, користејќи ја фотографијата како медиум, да ги искажат своите чувства, интереси и желби.
Погледнете го светот низ објективот на Ена Митревска, Јулијана Петровска, Моника Бисовска, Дарко Ефтимовски, Никола Колев, Оливер Блажевски, Флоренс Герет, Елизабета Петковска, Александар Матовски и Илина Георгиева на 22.05.2016 (недела) во Јавна соба во 20ч.

13217417_1717751781844188_1192774758469435977_o

Фотографија преземена од Инклузивни Решенија – Скопје

Дизајн на постер – Flim