Фото клуб Куманово, Ве поканува на првата самостојна изложба на уметничка фотографија на Димитар Чунговски – Чунга насловена како “Два света”.

pokana dimitar cungovski

Димитар Чунговски – Чунга е роден во Битола, 1979 година. Неговите почетоци во фотографијата се поврзани со рачната изработка на аналогна црно-бела фотографија уште на мала возраст, за време на основното образование.

После направената пауза за време на неговите студии, а со доаѓањето на дигиталната технологија, некаде во 2003 година тој ја продолжува фотографската уметност.
Активно членува во Фото Кино Клуб Битола од неговото формирање.

Учествувал на повеќе од педесет домашни и меѓународни групни изложби на фотографии каде што има освоено голем број награди и признанија. Ова е негова прва самостојна изложба преку која се претставува со 40-тина фотографии.

1 chaos in the water

18 spaceship