Денешниот ден ни го носи крајот на уште едно долго и топло лето и почетокот на уште една есен. А со тоа, полека ја  привршуваме и втората сезона од нашиот серијал #Revosummer. И, како што секогаш и бидува, крајот делото го краси. А крајот за нас, а се надеваме и за вас нема да биде извор на тага, туку напротив, нешто што долго ќе го паметиме и говориме за него.

Нешто, што како шарено магнетче за фрижидер, ќе не потсетува на убавите моменти од нашите патувања, на погледот од планинските врвови, на сините бранови на езерото или морето, на пиењето кафе со пријателите, на прошетките во паркот… Ова треба да биде доволно за да ја разгори вашата љубопитност за нашето големо финале. Се надевам дека ќе бидете дел од нашата #Revosummer  изложба и ќе го збогатите нашето дружење, кое  ќе биде на 28.09.2017 година (четврток), во 21:00 часот, во прекрасниот амбиент на “Кафе бар Љубов” .До нашата следна дружба, уживајте во фотографиите  oд членовите на Revoshot тимот:

At World’s End

A post shared by Yane Naumoski (@mufix) on Nov 22, 2016 at 1:23am PST