Имаме неколку работи да објавиме во овој пост, но да почнеме хронолошки – конечно ни дојдоа најавените награди за Sinister Days! Затоа, после многу доцнење во најскоро време ќе ги објавиме победниците, а наградите ќе можат да ги подигнат на 17.03. (петок) во кафулето Љубов.

Зошто баш таму и тогаш? Бидејќи на 17.03. Revoshot ќе го слави третиот роденден во Љубов! Така што, групно ве покануваме на роденденска забава каде што освен што ќе се забавуваме, ќе имаме шанса и да погледнеме изложба од сите што ни го „украдоа“ инста-профилот преку делот на #РевоПреземање. Но, има уште една интересна новост; овој роденден ќе го прославиме заедно со нови две членки во нашиот тим- Стефанија Видовски и Ирина Крстевска! Откако бевме многу задоволни со нивното учество во #RevoSummer ги поканивме да ни се придружат, и на наше огромно задоволство тие прифатија.

Затоа, заокружете го 17.03. (петок) во вашите агенди и да дојдете соодветно да го прославиме третиот роденден на моментално единствениот фото-блог кај нас – Revoshot!