paratissima_fb-post_rabotilnici-05

Во склоп на саемот за современа уметност Paratissima (кој ќе се одржи од 10ти до 12ти јуни во МКЦ), ние од Revoshot бевме повикани да организираме работилница за фотографија. Секако, веднаш и со драго срце ја прифативме поканата и се решивме работилницата да ја посветиме на портретна фотографија.

По наједноставна дефиниција портретна фотографија е фотографија на која е прикажан човек или група луѓе. Најчесто во портретната фотографија се обраќа внимание на ликот на моделот, но може и во фокус да е тело, дел од дело или силуета. Сега кога дефиниравме што (отприлика) претставува портрет фотографијата, ќе ви кажеме малку зошто нас ни е интересна, па може и ќе ве инспирираме и вас.

Портрет фотографијата е многу повеќе од само фотографирање за на табло. Не секогаш е важно да субјектот е насмеан, убав и едноставен. Некогаш можеме многу повеќе ефектност да постигнеме доколку работиме со искрени емоции, отколку со местење и шминкање на моделот. Секако, исклучоци постојат и во двете сценарија, но самата портрет фотографија доста зависи од можноста за комуникација помеѓу фотографот и моделот/моделите. Токму затоа ние ја замислуваме портретната фотографија како разговот помеѓу луѓе чиј резултат е визуелно овековечен.

Во склопот на работилницата, ќе држиме предавање на темата портретна фотографија каде подлабоко ќе ја разгледаме (можната) филозофија, но и поважно, ќе разговараме за техники и технички потреби за фотографирање портрети. Сето тоа понатаму ќе може да го примениме во текот на работилниците.
Повикот за пријавување е отворен и трае до 20.05.2016, а можете да се пријавите на  contact@paratissimaskopje.mk. Повикот е отворен за сите заинтересирани постари од 18 години и кои имаат сопствен DSLR апарат. Заедно со пријавата, треба да пратите и ваше мини портфолио. Повеќе информации за пријавувањето може да видите на овој линк.

Во продолжение ви претставуваме и неколку портрети од нашиот тим.

 

Јане Наумоски

stock-photo-73850487

stock-photo-128651959

 

Димитар Атанасов

Dimitar01

Dimitar02

 

Ерина Богоева

DSC_4327

DSC_1706