Ни претставува огромна чест и задоволство да ја најавиме втората самостојна изложба на нашата драга колешка и уште по драга пријателка, Ерина Богоева. Изложбата ќе биде отворена во склоп на програмата на Бела Ноќ 2016 во Дом на Културата „Кочо Рацин“ (Дом на Градежници).

Изложбата на фотографии насловена како „Небото над Скопје“ е поздрав кон животот поминат во родниот град на Ерина. Фотографиите се своевидна благодарност за сите настани доживеани токму под тоа небо.

Преку урбаните пејзажи се иссликуваат различните состојби на тоа небо, а преку него и на нашиот живот: некогаш романтично, некогаш живописно и сликовито, а некогаш сиво… но, секогаш свое и најчесто познато.

Изгрејсонца, зајдисонца и се’ помеѓу е она што е животот. Понекогаш е потребно само да погледнеме нагоре во точниот момент, а небото над Скопје секогаш ќе е таму.

Ве очекуваме во саботната Бела Ноќ да уживаме во одлични урбани фотографии.

erina2