„Настанувањет о на фотографијата било, пред се’, настанување на нов јазик кој како таков, би требало најпрво да овозможи нов вид на визуелна комуникација“ –  Марк Шепс

Денес тој јазик на визуелна комуникација е се’ поприсутен околу нас. Една добра фотографија, веројатно вреди и повеќе од 1000 зборови, па затоа зошто да не се потрудите поубаво да го разберете и воедно зборувате тој јазик? Семос едукација ви ја нуди токму таа можност преку нивниот нов Курс за фотографија. Курсот  ќе опфаќа: основи на фотографија, портретна фотографија, фотографија во студио, песјажна фотографија, Adobe Lightroom и Adobe Photoshop & Camera Raw во тек на 180 часа, со работа во училна и на терен.

Предавачи за фотографија ќе бидеме двајца од тимот на Revoshot- Димитар Атанасов за фотографија во студио и Ерина Богоева за портретна фотографија. Како предавач на пејсажна фотографија се јавува Огнен Бојковски. Со овој тим може да ви загарантираме одлично и забавно учење (колку и да тоа ви звучи како оксиморон). Освен тоа, Семос Едукација дава една стипендија за курсот бесплатно, а тука може да видите како може да ја добиете.

Клик на линкот за подетални информации околу зачленување на курсот.