Со два збора: многу јако! Како што веќе знаете, изминатиов викенд во МКЦ одржавме работилница за портретна фотографија во склоп на саемот за современа уметност Paratissima. На истата зборувавме малку теоретски за историјата на портретната фотографија, правилата за композиција на портрет и како истите да се “прекршат”, за природното и вештачкото осветлување при фотографирањето на портрети, како и за тоа како правилно да комуницираат со моделот додека го фотографираат и да извлечат максимум од дадената ситуација.

На работилницата учествуваа 6 млади фотографи:  Маја Јаневска, Драган Ристовски, Ангела Петровска, Стефанија Видовски, Александра Алексоска и Ана Јакимовска, кои брзо и квалитетно ги сработија сите задачи предвидени од инструкторите и направија одлични фотографии. За фотографиите да бидат уште подобри, најмногу им помогнаа моделите, двајцата млади актери од Факултетот за театарски уметности ЕСРА, Анастасија Лазовска и Даријан Петров.

За крај, само ни преостанува да им се заблагодариме на учесниците на работилницата со надеж дека ќе продолжиме да фотографираме заедно и во иднина, на моделите кои што ги очекува богата и успешна кариера, како и на организаторот Paratissima, за несебичната помош и за беспрекорната организација.

Во прилог ви ги претставуваме фотографиите кои што беа изработени на работилницата за портретна фотографија.

 

1. Александра Алексоска

Aleksandra1

Aleksandra2

 

2. Ана Јакимовска

Ana1

Ana2

Ana3

 

3. Ангела Петровска

Angela Petrovska 1

Angela Petrovska 2

Angela Petrovska 3

 

4. Драган Ристовски

_Dragan_Ristovski_01

_Dragan_Ristovski_02

_Dragan_Ristovski_03

 

5. Маја Јаневска

Maja_dark

Maja_ginger

Maja_stairs

 

6. Стефанија Видовски

Stefanija1

Stefanija2

Stefanija3