На 9 Јуни во охридскиот Objectif Bar, се отвора изложба на фотографии во авторство на Натали Башоска. Ние само топло ќе ви препорачаме да ја посетите оваа изложба, а ќе ѝ препуштиме на Натали да ви каже нешто повеќе за себе и за своите фотографии:
  
Се викам Натали Башоска. Имам холандско, но и македонско потекло. Пораснав во Пештани, а во моментов студирам филмска режија на уметничка академија во Њујорк.
 
Интересот за фотографијата ми се појави тука, во охридскиот регион. Почнав да фотографирам пејсажи, но и многу екпериментирав со техники и стилови.
 
Откако се преселив во Њујорк, голем предизвик ми беше да продолжам да создавам добри фотографии бидејќи бев во сосем различна средина.
 
Отсекогаш сум си дозволувала слобода да менувам стилови и отсекогаш сум го фотографирала токму тоа што ми го привлекувало вниманието. Така, по одредено време поминато во Њујорк, сфатив што ми го привлекува вниманието. Тоа се различностите на луѓето. За мене Њујорк не е „Америка”, туку цел свој свет во едно. Сите поединци што ги запознавам се сосем различни од тие што ги знаев и сите на свој начин ми го привлекуваат вниманието – дали со изгледот, поттеклото, ставот кон уметноста или ставот кон животот. Така, започнав да ги фотографирам. Уличната фотографија за мене е нешто сосема ново и имам уште многу за учење. Секој слободен миг бев во градот за да научам нешто ново и за луѓето и за начинот на кој што сакав да ги сликам.
 
Направив колекција на фотографии сликани во подземното метро во Њујорк бидејки тука се наоѓа најголемата колекција на различни луѓе – млади и стари, од секоја раса и секоја класа. Сите се возат со метро, секој во свој филм, а јас ги фотографирав.
 
Таа колекција ќе ја изложам во Охрид. Отворањето на изложбата е на 9 Јуни во Објектив во 20:00 часот. Сите љубители на фотографијата и на светот се добредојдени.
 
_DSC8310

_DSC8312(2)

_DSC8330

9397200068_6c6689fabd_o

9622118237_dee4b2f1d6_o

10307849135_724eab40ee_o

16807853267_f5e00f3ab8_o

17042428320_b81d280502_o

17186799646_d0c7712737_o

17390858932_a5b6b68e32_o

Copy of IMG_1394

IMG_0652(2)

IMG_0723

IMG_0824

IMG_0866-4

IMG_8128-4

IMG_9707

IMG_9758

IMG_9791

IMG_9799-2

IMG_9905