Инстаграм е веројатно најпопуларната платформа за секојдневно споделување фотографии на повеќето фотографи во моментов. Ние во Revoshot исто многу ја почитуваме, што мислам дека може да се заклучи и по нашите постови, особено оние за #RevoSummer и #RevoHolidays.

Во 2012, кога и се одржа првиот #InstaMeetSkopje во Зоолошката, бројот на корисниците на оваа апликација кај нас беше драстично помал.

Во чест на таа прва средба, на 26 јули 2017 година (среда), пет години по првиот организиран собир на локалните Инстаграм ентузијасти, закажан е нов #InstaMeetSkopje. Со почеток во 19 часот, во градскиот парк во Скопје (кај Фонтана) љубителите на оваа, сега веќе масовно користена апликација, ќе се дружат и споделуваат фотографии на тема – движење.

“После првичните дружења, повеќе организирани изложби и општествено ангажирани иницијативи време е за нов опуштен локален собир. Денес Инстаграм има многу поголем број корисници, како глобално така и локално, различни форми на содржина, фото, видео, гиф. Овој сервис навистина стана глобален и сериозно доминира и кај индивидуалните корисници и кај брендовите“- вели Горан Костовски – Индог, еден од првите корисници и промотери на овој сервис.

SkopjeInstaMeet-1

Instagram денес е сервис со повеќе 700 милиони активни корисници на месечно, односно 400 милиони на дневно ниво. Во сопственост на Facebook под капата на Instagram постојат уште три други апликации кои се тесно поврзани со главната: Boomerang, Hyperlapse и Layout. Неофицијалните бројки за Македонија бележат повеќе од 250 илјади корисници.

Ние нормално сме многу среќни за вакви дружења и се надеваме дека ќе видиме што повеќе од нашите Инстаграм пријатели во среда!

A post shared by Yane Naumoski (@mufix) on

*фотографија од првата #InstaMeetSkopje дружба

 

#InstaMeetSkopje е организиран од група ентузијасти кои во минатото беа дел од различни Инстаграм иницијативи и кампањи (@indog, @dreadpen, @jasnatalija, @darko156, @kuzevskim). Истиот е поддржан и од it.mk, reborn.mk, instagraphy.net и revoshot.com