По повод една година постоење на сајтот и употреба на #instagraphytk, проектот Instagraphy  ќе направи изложба на инста фотографии во Concept 37 на 16.02 (четврток).

Изложбата ќе се состои од 120 фотки(односно, фотки на 120 инстаграмџии) каде се вклучени интервјуата и фотопредизвиците што може да ги погледнете на нивниот сајт.
Фотографиите ќе се продаваат по цена од 50 денари и истите ќе бидат наменети за хуманитарни цели. За секоја купена фотка ќе следи мал подарок.

Дечките од Instagraphy ветуваат прекрасна вечер и музика за која што ќе бидат одговорни DJ: Cyrillic и одлична дружба!

Па, се гледаме во Concept 37, на 16.02 (четврток) во 21ч.

16602752_890729277697462_2137505537071134669_n