CityColor е прва самостојна изложба на фотографии на Бела Белојевиќ. Отварањето на изложбата е закажано за 16 Јуни во 20 часот во Концепт 37 и ќе биде изложена до 23 Јуни. Поставката содржи фотографии од Њујорк кои што претставуваат интимна слика на градот преку окото на фотографот. Сликани додека Бела оди и се враќа од работа, за време на неделните прошетки или за време на многубројните настани во градот, овие фотографии прикажуваат еден многу важен сегмент од Њујорк – неговата архитектура. Иако немаат претензија да нудат лекции по архитектура тие сепак ќе ги инспирираат архитектите, урбанистите, љубителите на градот и познавачите на уметност.

Инспирирани од многуте бои, форми, облици и стилови на градот и неговата архитектура, овие фотографии ја искажуваат суштината на град како Њујорк каде што ново и старо, минато и иднина, уметност и дизајн се среќаваат и го создаваат еден од најдинамичните градови во светот.

Во моментов, Бела работи на вториот дел од овој фотографски проект наречен CityColor кој се фокусира на луѓето од Њујорк.

Lexington Ave &57 Street

West 34&8 Empire State Building