Ерина Богоева, дел од нашиот тим, ја најавува својата трета самостојна изложба. Насловена „Четири годишни времиња и малку љубов“, ова ќе биде прва нејзина изложба од продажен карактер. Отворањето ќе биде на 01.03. (среда) во концепт-кафичот Wonderlust, на ул. Македонија.

DSC_8645

„Човекот како неделив спој со природата на свој начин ги доживува нејзините различни промени низ циклусот на нашето поднебје како четири годишни времиња. На истиот начин и фотографот и низ својата душа и низ својот објектив ја овековечува симбиозата на промените во природата и своите чувства. Ако вашите спомени за годишните времиња се поклопат со окото на фотографот во одредената секвенца во која е создадена фотографијата тогаш би било убаво тој спомен да можете да си го однесете дома или да го подарите некому. А љубовта….? Што сѐ може да се каже за љубовта….?! Но, во овој случај за неа проговорува уличната уметност со многу едноставен јазик одново во вид на безверемен кадар во објективот на фотографот. И одново, прикажано на овој начин, таа љубов станува достапна до сите нас.“

16998839_10154488935268741_8102463504122443113_n

16864835_10154486987388741_2095830235592304923_n