Будење започна пролетта, 2016 година. Една мила и решителна жена, Анче Николова Туфекчиева од Струмица, мајка на Верче-деветгодишно девојченце со Даунов синдром и Ирена Мила фотограф и активистка, се решија да организираат кампања, која ќе го поттикне општеството дека мора да направи напори за прифаќање на лицата со попреченост, да се препознаваат нивните способности и тие да се афирмираат како рамноправни членови на заедницата.

budenje cover

За кратко време, движечката сила на Будење се дефинира како женска, прекрасна и неуморна, каде што се приклучија Даниела Мирческа, активист и мајка на дете со ретка болест, Елена Фидановска, фотограф и активист, Верица Пиперевска, графички дизајнер, Иванна Хаџиевска, социолог и Теано Кардула, студентка и активист и сестричка на девојченце со аутизам.

Првата изложба беше отворена на 21ви март, првиот пролетен ден и ден посветен на лицата родени со Даунов синдром. Изложбата беше поставена во културниот дом Антон Панов, во Струмица. Втората изложба се случи во Скопје, во Јавна соба, на 2ри април, ден посветен на лицата со Аутизам. Од тогаш, нашето Будење постојано расте, ни се придружија нови модели и родители, сликавме многу нови насмевки на нови, возбудливи локации, а нашата порака за едно поинакво, разбудено општество беше испратена. При тоа, се обидовме да се фокусираме на соништата и желбите на нашите мали и големи модели, на нивната потреба и право да се остварат во општеството, на начин на кој самите се доживуваат. Можеме да кажеме и дека успеавме во тоа, затоа што својата поддршка ни ја дадоа многу наши сограѓани, професионалци во работењето со лица со пречки во развој, родители, наставници, политичари, приватни компании, невладини организации.. Тоа не тера да мислиме дека можеби, конечно сите ќе се пронајдеме во сопствената улога во овој свет на различности и дека различноста ќе биде причина, а не пречка за другарување.

dsc_4899

Продолжување на БУДЕЊЕ е причината која ве каниме во недела (18.12) во Јавна соба (Public room) во 13 ч, на изложба со илустрации, каде што ќе се запознаете со желбите и способностите на нашите модели.

Александар Матовски – Цако ќе ја отвори изложбата, а Сара Миленковска ќе ни пушта музика да ѕенѕаме.

На самиот ивент ќе се продава збирката поезија „Светот е жеден за збор“ од Тони Попов. Додека Уника осигурување и нашиот модел Лиза ни имаат припремено изненадување.

Благодарност до општина Струмица, комплекс „Бела Вода“, печатницата „ Макрпомет“ – Штип, Јавна Соба и УНИКА осигурување за изненадувањето за дечињата и за нивната несебичност и отвореност за соработка.

Линк од самиот настан: http://bit.ly/2hECha0