Иван Бусев, 18 години
Обожава музика и сонува еден ден да вози автобус.

Милица Атанасова, 63 години
Сака сончеви утра и народни песни и ора.

Верче Туфекчиева, 9 години
Секој ден слика со водени бои. Сака да го наслика целиот свет! Со нејзината насмевка соборува бариери.

Матилда Јованова, 18 години
Таа е нашата разубавувачка, нѐ шминка и ни готви. Обожава долги прошетки во природа.

Максим, 1 година
Допрва ќе го плени светот.

Дејан Атанасов, 22 години
Боксот му е омилен спорт и обожава акциони филмови.

Трајче Велков, 24 години
Неговата страст е музиката – хармониката и гитарата му се миленички.

Елизабета Ристова, 10 години
Омилен спорт – правење меури од сапуница. Најмногу го сака летото и сладолед од чоколадо.

Костадинка Ристова, 7 години
Сака дожд и шарени чадори. Омилена забава? Шлапкање по калливи вирчиња.

Илина, 5 години
Илина е леснотија во движење. Наша мала кикбоксерка, која ужива во скокање по кревет и пливање.

Лиза, 5 години
Сака уметност на нејзиното лице, па кога се враќа од градинка секогаш е нацртана. Обожува слагалици да реди и бебиња играчки. А кога ќе пораснала ќе била АПАКАрка како баба ѝ Гоца.

Ерато, 9 години
Обожува чоколади и бомбони.Сака да гледа реклами,слуша музика и да игра на компјутер.Милува да се бакнува и гушка.Ужива да плива во море.И се допаѓа да седи во кафана и да јаде помфрит.
 

Ова се дечињата и луѓето кои се причина за едно ново „Будење“. Сите деца имаат свои соништа и желби, а начинот на кој ги остваруваат ги дефинира како личности. Како родители и луѓе кои се дел од ова општество, мораме да им дадеме доволно простор за да се изразат, да ги поддржиме во нивните мали подвизи и да им покажеме дека не постојат граници, дека можат да бидат сѐ што ќе посакаат! Но, кога ограничувањата доаѓаат во форма на попреченост, тогаш сликата ја боиме со малку поинакви бои, а работите добиваат поинаков контекст.
Без разлика дали попреченоста е вродена или стекната, очигледна или невидлива, секојдневието на овие деца е малку поинакво. Тие на поинаков начин ги остваруваат своите соништа. И тоа не ги спречува да сонуваат, напротив! Нивната посебност се состои во нивните способности, не во пречката во развој. Да го започнеме ова „БУДЕЊЕ“ заедно! Различноста е убава!

1. beti i kostadinka 700x500mm

Затоа, задоволство ни е да ве поканиме да бидете дел од кампањата „Будење“. Оваа кампања e организирана со будењето на природата и првиот пролетен ден, кој се поклопува со светскиот ден на лицата со Даунов синдром, да се разбуди и свеста кај нашите сограѓани и заедно да се разбудиме во едно подобро, пофункционално и похумано општество. Нашите активности по повод оваа кампања, започнуваа на 21ви март, понеделник, со прес конференција во Скопје, во хотелот Александар Палас, а продолжија истиот ден во Струмица, со отварање на изложба на уметничка фотографија, во Домот на културата Антон Панов.

12 verce 700x500mm

2-ри април како Меѓународен ден за борба против аутизмот. Ден кој нè потсетува дека околку нас има лица кои не смееме да ги заборавиме и лишиме од општесвените процеси, од времето и просторот кои им се потребни, интеграцијата и инкулизјата. го избравме за ден за нашата изложба во Скопје, во 12 часот, во Јавна Соба (Public Room), каде за првпат ќе ја претставиме изложбата „Будење“ а воедно ќе зборнеме и за нашата кампања. На самата изложба ќе ни се придружии Теано Кардула, која ќе изложи три фотографии од својата изложба посветена на нејзината сестра, која е лице со аутизам. Теано се придружува на нашето „Будење“, кампања која ја започнавме со две мајки хероини, едната е Анче Туфекчиева, мајка на девојче со даунов синдром, основач и член на Здружението „Вера“ од Струмица – здружение за помош и поддршка на лица со пречки во развој, другата хероина е Даниела Мирческа, мајка на дете со ретка болест и регионален координатор на „Ресурсен центар за помош и поддршка на родители на деца со пречки во развој“. Ирена Мила и Елена Фидановска – фотографки и активистки, илустраторката Верица Пиперевска и социологот Иванна Хаџиевска. Ова се дамите кои самоиницијативно ја започнаа кампањата „Будење“. Се’ што сакаме да направиме треба да направиме први, промените започнуваат од секој од нас поединечно. Секој ден е добар ден за да се разбудиме!

20. ilina 700x500 mm -2

Изложбата ќе биде патувачка.
Благодарност за поддршката од општина Струмица, комплекс „Бела Вода“, печатницата „ Макрпомет“ – Штип и Јавна Соба за нивната несебичност и отвореност за соработка. Заедно будиме!

Print