Дечките од корисничките групи „Вики Образование“ од Бразил и „Споделено знаење“ од Македонија,како резултат на својата успешна соработка и по повод денот на воспоставување на дипломатските односи помеѓу Македонија и Бразил (14 октомври 1998), од 13.10 до 20.10.2017 организираат изложбата на фотографии насловена „Бразил низ фотографии – пред очите на македонската јавност“.

На изложбата ќе бидат претставени 20 слики од природата и од историски и модерни градби во Бразил, кои учествувале на фотографските натпревари „Вики ја сака земјата“ и „Вики ги сака спомениците“ во 2015 и 2016 година. На секоја слика ќе има QR-код преку кој на вашите мобилни уреди ќе добиете врска до статија на Википедија на македонски јазик каде ќе може да прочитате повеќе податоци и информации за местата опфатени на самите фотографии. Истовремено, во Бразил ќе се одржува изложба на фотографии од Македонија.

Настанот ќе се одвива според следната програма:

13.10. (петок) – 20:00 часот,
– СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА
*Воведно излагање за работата на Википедија на македонски јазик (Кирил Симеоновски) и соработката помеѓу Викимедија Македонија („Споделено Знаење“) и Викимедија Бразил („Вики Образование“) (Тони Ристовски)
*Претставување на кратката брошура „Геополитичка анализа за основите за соработка и развој на односите помеѓу Македонија и Бразил“ (Марио Шаревски)
– КОКТЕЛ

14.10. (сабота) – 10:00 – 14:00
– Јавна Соба – Kids Room: http://publicroom.org/kidsroom.html
* ПРЕДАВАЊЕ ЗА ВИКИПЕДИЈА (Тони Ристовски и Кирил Симеоновски) – 10:00 – 11:00
* УРЕДУВАЧКИ МАРАТОН НА ТЕМА: „БРАЗИЛ“ – 11:00 – 14:00

Изложбата ќе биде поставена и отворена на 1 кат на Јавна соба (Public Room) на 1 кат, до 20.10. 2017