Во мај ќе се одржат 54тите Денови на Македонска Фотографија, овој пат во Охрид. Во периодот од 20ти-22ри мај во Охрид не само што ќе се одржи изложбата од одраните и наградените фотографии, туку и ќе има богата програма исполнета со панели, дискусии, проекции и слични активности.

stock-photo-94825459

Јане Наумоски

 

Повикот за пријавување за 54тата изложба на Денови на Македонска Фотографија е отворен за сите граѓани на Република Македонија, членови на фото клубови и групи, како и самостојни автори. Темата на изложбата е слободна за поединечни фотографии како и за колекции.  Последниот рок за праќање на фотографиите е 03.05.2016, а жирирањето ќе се одржува во Кинотека на Република Македонија на 08.05.2016. Жирито е составено од  д-р. Цветан Гавровски (МФФСМ), Владимир Арсовски (КМФФСМ) и вонр. проф. м-р Ладислав Цветковски од Факултетот за Ликовни уметности, Скопје.

fishermans_by_stariot

Димитар Атанасов

 

Фотографиите можете да ги пратите на адреса Градски ѕид, Блок 5, Поштенски фах 14, 1000 Скопје,  во пакет со пополнета пријава и доказ за платена котизација. Членовите на Фото сојузот кои имаат платено членарина за 2016 година не плаќаат котизација. Сите останати автори со своите фотографии треба да приложат 200 ден., или да уплатат 200 ден. на жиро сметка: 300000000300833, Комерцијална банка, со цел на дознака Денови на македонската фотографија.
Еден автор може да учествува со максимум 8 фотографии во двете теми. На изложбата ќе се примат фотографии со следниве димензи: 30х45 cm, 30х40 cm или со нивниот изведен формат од кои пократка страна мора да има минимум 30 cm, додека пак фотографии во формат 20x30cm нема да бидат жирирани. На задниот дел од секоја фотографија треба да се назначат податоците на авторот: име и презиме на авторот, наслов, фото клуб, адреса, e-mail и звање во ФСМ – доколку авторот го има.
За повеќе информации, можете да ја посетите страната на Фото Сојузот на Република Македонија.

DSC_7367

Ерина Богоева