По мала пауза, продолжуваме со кратки муабети со македонски фотографи и инстаграмџии. Инстаграм профилот на Марија веќе подолго време го имат моето целосно внимание, најмногу поради нејзиниот специфичен минималистички стил.

Ја контактирав и си направивме краток муабет. Уживајте во интервјуто и прекрасните фотографии.
 
marija4
 
Колку време трошиш на една фотографија? Дали чекаш долго време за да го доловиш твојот минималистички стил?
Зависи од ситуацијата. Знам некогаш со денови да се борам со одредена фотографија. Не си задоволен со првичниот резултат, па пробуваш пак и пак и пак… Сепак, има ситуации и луѓе кои ме инспирираат во моментот. Па сè се случува многу брзо. Тие фотографии ми се најдраги а моментот останува засекогаш. Не би рекла дека имам минималистички стил, така да не се работи за време. Има минимилазам во моите фотографии зошто дел од мене влече натака, да, самата желбата да се изразам чисто и јасно но истовремено да пренесам отворена за интерпретација приказна е многу забавно. Секогаш ме интересирала raw beauty и мислам дека тука некаде се среќавам на пола пат со минимализмот.
 
marija8
 
Кои субјекти најмногу ти одговараат за твојот стил?
Инспирацијата ја наоѓам во луѓето, па од тука се развива формирањето на стилот, се развива сé! На различни начини преку фотографијата го пренесувам тоа, па мислам дека не можам да издвојам главна тема која ми одговара најмногу. Секоја фотографија е многу блиска со мене и има различна приказна во неа.
 
Камера или телефон? Ако е телефон кои апликации ги користиш за едит?
Најчесто камера. Порано фотографирав со телефон, но откако фотографијата ми стана дел од работата, телефонот веќе не беше опција. Сега само знае да ми се најде во ситуации кога немам опрема до себе па глуми замена, но нели, не може да замени камера. Така да ретко е, но кога користам апликации за едит, строго работам со VSCO.

marijacover

Твојот инстаграм профил е одличен! Ти лежат и фотки во боја и црнобели. Што ти повеќе сакаш? И како одредуваш дали фотката е за боја или не?
Сакам да се изразувам на различни начини… па од тука, не би можела ( читај сакала ) да издвојам. Се осеќам поблиска до црно белата фотографија. Таа ми е како постојан придружник. Од тука почна се, во неа се заљубив, па љубовта прерасна во бескрајна happy-sad приказна. Едноставно, пристапот и форматот е различен. Се зависи од тоа што сакам да пренесам. Дали фотографијата ќе биде во боја или црно бела знам уште од моментот кога ја бркам.
 
Што повеќе сакаш да фоткаш: луѓе или пејсажи?
Луѓе, секогаш :) Малце чудно, бидејќи профилот ми е полн со пејсажи.
Но вусшност во своето катче имам еден куп портрети кои си ги чувам многу себично за себе. Односот кога фотографираш некој е многу специфичен и деликатен, а предизвикот голем. Ги запознаваш луѓето на различен начин, добиваш работи од нив за кои ни самите некогаш не се свесни. Се дружите едноставно на друго ниво. Надвор сте од комфорт зона, те изненадуваат, ти ги изненадуваш, прекрасно е. Секако зависи од карактер до карактер, но секогаш има големи бранови од чувства и тој, еден момент, кој го креирате вие двајца.
 
marija9
 
Некој совет или препорака за инстаграмџиите?
It’s never about the likes.
 
marija11

marija10

marija1

marija2

marija3

marija5

marija6

marija7