Доколку се занимавате со фотографија повеќе од една година барем, сигурна сум дека сте дошле во ситуација да искритикувате нечија туѓа фотка (ако ништо друго барем пред себе). Прилично сум сигурна дека ви пролетала мислата „Јас никогаш не би објавил/а вакво нешто“ за некоја фотка за која авторот не штеди на пофални зборови и гордост.

Секој почнува од некаде и често оние кои подолго време се занимаваме со некое хоби или работа знаеме да заборавиме на тоа. Како се учи повеќе за некое поле, во случајов за фотографија, така полесно се согледуваат поранешните или моменталните грешки што ги правиме. Но како и за се’ друго во животот без таа работа која води до напредок тапкањето во место е неминовно. Јас „судам“ фотографии за професија и токму затоа ми е исклучително важно да знам дека мојата проценка е трезвена и обмислена (како за туѓиот така и за сопствениот труд).

Jamie Windsor во ова видео ни објаснува зошто баш лошите фотографи мислат дека се добри, и како ние самите да не навлегуваме во стагнацијата која се нарекува излитена комфор зона. Имате 9 минути? Супер! Еве го видеото