Откако минатата недела ја објавивме последната галерија за оваа #RevoSummer сезона, дојде време да ги избереме 10 финалисти. Финалистите ги биравме по тоа колку пати ни се појавиле во изминатите девет галерии а локалново тимско жири понатаму го намали изборот на десет финалисти.

Но, пред да објавиме кој победил (за тоа ќе мора да почекате уште некој ден), ви ги презентираме финалистите со нивната омилена фотографија од ова лето заедно со приказната за тоа како настанала таа фотографија.

Без некој посебен ред, почнуваме:

 

@petrovskaangela

„Фестивали, музика, играње, патувања, друштво и чекање на перфектно изгрејсонце; сè тоа споено во еден кадар, е најдобриот опис на лето за мене. По двочасовно молење со другарките во кое постојано велев „Уште малце да поседиме, сакам изгрејсонцето да го фатам“, се исплатеше чекањето. Тоа гледање на будењето на самиот ден, проследено со техно музика и во опкружување на купишта луѓе кои хаотично се движат и играат, беше еден од најубавите и најмагичните моменти на фестивалот Exit, а телефонската камера перфектниот инструмент за овекувечување на истиот.“

dance-arena

 

@svidovski

„Фотографијата е дел од една фотосесија што ја подготвуваме летово. Како локација предвиден ни беше Градски парк, на заоѓање. Но, на враќање беше неизбежно да се одолее на Илинденска, па така сосема спонтано и случајно излезе и фотографијава која беше прва од таа серија, ја потврди теоријата за спонтани фотки и дефинитивно е моја најдрага од летово.“

Processed with VSCO with f2 preset

 

@emimemi_

„Фотографирана при посета во Грција- Лефкада, на една од најпознатите плажи- Порто Кацики.
Прашувате како е дојдено до нејзино фотографирање; Јас сум по природа набљудувач (не сум од оние кои сакаат да се фотографираат :) ). Единствено не можев да останам рамнодушна на целото тоа (мирно-не мирно) големо синило и самиот кадар (луѓе како точки кои се радуваат на истото) кој ми се нудеше сам по себе.
Нема некоја посебна приказна :))) Најголемата работа ја заврши мојот телефон и нормално целата „ситуација“ која „позираше“ токму за мене ;) :)img_20160830_221903

@avramovskairina

„Оваа фотографија е сликана при една долга прошетка низ центарот на Краков и по речиси цел ден бркање со Сонцето :) На оваа локација, што се наоѓа во близина на реката Висла, пристигнав многу доцна, веќе доцно зајдисонце, па бидејки го пропуштив цел негов спектар на бои , ова беше еден случаен обид да се овековечи истото :).“

img-1

 

@ivicastojkov

„Фотката ми е посебно драга, ми го раскажува целото лето. Vama Veche е буквално скриен рај на Црното Море во Романија. Кога еднаш еднаш ќе го посетиш Vama Veche, веќе почнуваш да размислуваш за наредното доаѓање. Ова лето ми беше честа дестинација. Поминав над четири илјади километри со автостоп само за преубавиот вајб што го поседува местото. Прекрасна авантура. Местото е познато по својата репутација како рај за уметниците, хедонистите и луѓето со отворен ум. Во последните години местото полека се комерцијализира, во знак на протест поситетелите на Vama Veche секое лето кампуваат во своите шатори, се прават забави на отворено, разни фестивали и се седи со гитара покрај оган до изгрејсонце. Местото е посебно фотоѓенично, преубави погледи, плажи, хипи барови, и едун куп прекрасни луѓе. И секако дека има евтино пиво! :)“

Processed with VSCO with f2 preset

 

@krstevskai

„Сосема случајно фатен
момент на детска игра, на
една од најубавите плажи
во Шпанија,Санта Кристина.“

img_5372

 

@nstancheva

„Оваа фотка се случи при посетата на Тврџава Шпањола за време на одмор на островот Хвар. Имаше малки скали каде што никој не се качуваше, најверојатно затоа што водеа до кровот, кое потоа го открив. Дело е на дечко ми Александар, кој викајќи ми да се симнам набрзина ме фотна, а јас баш за момент се почувствував како да сум Мери Попинс (без чадор) на зајдисонце“

13767531_1033198020110467_1220907156_n

 

@tindomiell

„Фoткaвa јa сликнaв зa време нa кaмпувaње сo либетo, се спремaше бурa oтaде Сoлун, пa стaнaвме рaнo дa не нaкиснеме. Уз причaвa имa лaме изјaви нa љубoв и све, дa не oбесуем сo рoмaнтики, aли битнo пoсле oвa нaкиснaвме кo глувци. Среќa бaрем дoбрa фoткa искoчи oд тoa.“

Processed with VSCO with hb2 preset

 

@zoria_in_tokyo
„Иако за многумина лето автоматски значи сонце, фразата „летни дождови“ не постои за џабе. Посебно во Токио каде скоро цел јули се смета за „дождовна сезона“. Ги сакам летните дождови бидејќи обично се топли и не многу силни, па луѓето не трчаат избезумено да се скријат. Но кога овој дожд на сликата заврна, беше таков порој што не можев да си одам дома. Се шмугнав во Мекдоналдс на втор кат да почекам да престане, а јас никогаш не одам во Мекдоналдс. Да не беше овој силен неочекуван летен дожд немаше ни да дознаам дека од таму има супер поглед. Но не беше лесно ни да се фотне низ прозорецот, бидејќи пред него седеа луѓе и јадеа на шанкче, па чекав некој да стане, за да му го земам местото.

Ја сакам оваа фотка не само затоа што сакам дожд, туку и затоа што ми даде нов поглед на Шибуја, едно од моите омилени маала во Токио. Ја сакам затоа што истовремено изгледа како нереален сон, а во исто време е и толку типично реално Токио – полно луѓе, бои, светлечки реклами и многу проѕирни чадори.“

14072943_871614956277142_1334298252_n

 

@v.miljovski

13827307_151385811971054_1139869792_n