Ноќта помеѓу 27 и 28 септември, фотографи од целиот свет документираа редок астрономски настан – целосно помрачување на супер месечина. Оние што го насочија својот поглед (и апарат) кон небото таа ноќ, уживаа во феномен кој претходно се случил во 1982 година, а во иднина се очекува дури во 2033 година.

За повеќе информации околу помрачувањето на супер месечината погледнете го краткото видео на НАСА, а потоа уживајте во прекрасните фотографии од овој супер интересен настан направени од разни локации низ светот.