Sony World Photography Аwards официјално ги прогласи најдобрите фотографии за 2017 година. Како и секоја година, место заземаа најинспиративните и воодушевувачки фотографии пристигнати од сите краеви на светот. Победничките фотографии на светскиот најпознат натпревар по фотографија се конечно објавени во досега познатите четири категории: Photographer of the Year ; Open Photographer of the Year; Youth Photographer of the Year; Student Photographer of the Year.
 
Со највисоката титулата “Photographer of the Year” се закити белгискиот фотограф Frederik Buyckx со неговата фотографија, приказ на зимски пејсаж од серијата Whiteout, фотографирани на Балканот, Скандинавија и Централна Азија. Серијата Whiteout ја истражува борбата за приспособување на луѓето и животните во текот на зимските период.

photographer of the year

  • “There is a peculiar transformation of nature when winter comes, when snow and ice start to dominate the landscape and when humans and animals have to deal with the extreme weather”
  • Frederik Buyckx

    Oстанатите победници на 1во,2ро и 3то место од секоја професионална категорија погледнете ги тука.
     
     
    Во категоријата “Open Photographer of the Year” победничкото место му припадна на рускиот фотограф Alexander Vinogradov и неговиот портрет насловен“Mathilda” кој што е инспириран од францускиот филм “Léon”.
     
    open photographer of the year

    За останатите победнички места во оваа категорија, погледнете тука.
     
     
    16 годишната Katelyn Wang од Калифорнија го освои првото место во категоријата “Youth Photographer of the Year”, титула и награда која што е единствено отворена за млади и амбициозни фотографи на возраст од 12-19 години. Фотографијата “On Top of the World” е резултат на предизвикот “Beauty” и ги доловува убавините на езерото Pehoé кое што е лоцирано во националниот парк Torres del Paine, Chille.
    youth photographer of the year

    Погледнете ги останатите фотографии од оваа категорија тука.
     
     
    Во четвртата финална категорија, “Student Photographer of the Year” првото место и припадна на 21-годишната аргентинска фотографка Michelle Daiana Gentile со нејзината моќна серија на фотографии “Only Hope” направена при 10 дневниот престој со работниците од старата фабрика за хартија во Аргентина. Темата на предизвикот во оваа категорија беше насловен “Emotions”.
     
    student photography of the year

    Останатите финални фотографии од оваа категорија можете да ги погледнете тука.