Ако сте фотограф и сте присутни на Instagram, шансите се големи дека сте налетале или веќе го следите Brandon Woelfel. Brandon има многу карактеристичен стил на фотографирање портрети во доста темни услови каде што основниот извор на светлина се или мали сијалички (оние за на елка), или прскалки (жижици), или неонски светла од реклами или излози (нема друг термин за нив). На неговите модели често додава очила со проѕирно стакло за да има одраз од светилките во нив и воедно повеќе bokeh ефекти во фотографијата.

Освен карактеристичната тема која е најчесто присутна во неговите фотографии, јасно можеме да видиме дека и обработката, односно палетата на бои и типот на постпроцес, му е скоро идентичен на сите видови фотографии.

Постпроцесингот е јасно фокусиран на виолетово/сина палета на бои со слаб контраст и многу детали. Но за тој да е појасен, најдовме одлично видео кое поубаво го разјаснува системот на обработка. Фотнете портрет со вештачко светло, отворете Lightroom (и малку Photoshop), и следете го одличното видео кое чекор по чекор го разработува стилот на обработка на Brandon Woelfel.