Дали  можеби му припаѓате на клубот на љубители на животни? Ако вашиот одговор е да, тогаш  oвој избор на фотографии сигурно ќе ви се допадне. Тие се дел од големото портфолио на  познатиот  британски  фотограф  Tim Flach. Ставајќи ги во фокус животните, на еден мошне невообичаен начин ни носи посебно доживување за окото. Неговото дваесетгодишно работење како рекламен фотограф за брендови како што се Adidas, Cirque du Soleil, Jaguar и Sony, го заменува со исполнување на сопствената  фотографска  замисла: да ги стави животните во ситуации кои потсетуваат на луѓето, обидувајќи се да прикаже дел од нивните моментални чувства. Автор е на четири книги во кои ги опишува идеите, начините и чувствата кои се присутни во текот на неговото работење. Самите наслови на книгите: Equus, Dogs Gods, More Than Human, Evolution, веќе ни ја доловуваат целта на неговото творење. Добитник е на многу престижни награди во областа на фотографијата, како во Британија, така и пошироко.

Во продолжение може да проследите дел од неговите фотографии.

Equus

tim-flach-equus-mountain-horse-white-back-line

windows-chestnut_lb

 

Dog Gods

 

More Than Human

 

Endangered