Ако веќе извесно време се занимавате со фотографија, сигурно веќе сте упатени кон она што најмногу сакате да фотографирате- портрети, пејсажи, студио фотографија или слично. Дури ако сте почетници, може сакате да најдете начин како да го проширите полето на она што нормално би го фотографирале.

Лично, често сум се запрашувала што е она што можам да го направам за да излезам од комфор зоната на она што сум сигурна дека знам да го фоткам и секогаш кога почнувам да работам нешто ново постои ризикот дека можеби и нема да излезе баш солиден краен продукт. Затоа ми беше доста мило кога го најдов ова видео на Sean Tucker– фотограф чија работа ја следам на доста социјални мрежи.

Во видеото ќе може да видите дека веројатно не сте сами во стравовите за што се крие надвор од комфор зоната и зошто е важно како фотографи ( и општо уметници) да се излегува надвор од неа. Секако ќе има и малку технички муабет и туторијал околу самите фотки. А воедно ќе уживате и во преубави зимски пејсажи додека Sean Tucker го објаснува патувањето.