Како самопрогласен кафеман, освен што сакам да пијам кафе по цел ден, сакам и да ги декорирам и фоткам моите шољи со кафе. Но пред да ги објавам на некоја социјална мрежа, нормално мора да поминат низ неколку филтри. Па така, листајќи низ Instagram  за инспирација за кафе фотки, го најдов Sean Dalton чиј профил беше исполнет со интересни, затемнети, впечатливи фотографии на кафиња низ најразлични локации. Sean Dalton не е само кафе фотограф- тој е travel и lifestyle фотограф, но во последно време прилично убаво му оди со фоткање кафиња, па затоа решив да го споделам.

A post shared by Sean Dalton (@seandalt) on

A post shared by Sean Dalton (@seandalt) on

A post shared by Sean Dalton (@seandalt) on

 

Океј, има и по некоја торта кај него на профилот. Но, она што е очигледно е дека како фотограф има и посебен стил на обработување на фотографиите што ги објавува, за да има некоја конзистентност во Instagram профилот. За таа цел, Sean  направил и видео за постпродукција на фотографиите во Lightroom (ова важи и за Lightroom на компјутер и во апликацијата за телефони). Ако сакате да пробате како да ги обработувате вашите фотки со кафе како Sean Dalton, погледнете го видеото:

 

 

 

 

Мојот обид за негова обработка на фотографија со кафе (со други светлосни услови и палета на бои при фоткање) изгледаше некако вака:

A post shared by Erina Bogoeva (@poison_grl) on